bojkotiracite popisani bez etnicka pripadnost

БОЈКОТИРАЧИТЕ ПОПИШАНИ, БЕЗ ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ

Денес беа објавени резултатите од пописот кој се спроведуваше од 5 до 30 септември 2021 година. Како што веќе забележавте овој попис наиде на многу критики и револт кај голем дел од граѓаните.

132.269 лица се попишани преку преземени податоци од базите на податоци во земјава. За овие лица кои претставуваат 7,2 отсто од резидентното население нема податоци за етнички или верски карактеристики, бидејќи тоа се податоци кои не можат да се преземат, односно се лично чувство.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски смета дека оваа бројка не е голема, со оглед на околностите во кои е спроведен пописот, а тоа е ковид-пандемијата, отсуството на граѓаните поради одмори, но и поради отворениот и скриениот бојкот.

Тој вели дека не можат сите овие лица да бидат казнети за неучество во пописот, со оглед на тоа што, како што рече, не се знае дали го бојкотирале, дали се плашеле од пандемијата, дали не биле во државата или пак не се попишани од некоја друга причина.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!