новак ѓоковиќ

ГОЛЕМА ПОБЕДА! НОВАК ЃОКОВИЌ МОЖЕ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН И БЕЗ ВАКЦИНА!

Австралиската влада им се закани на тенисерите дека нема да можат да учествуваат во Мелбурн доколку не се вакцинирани, но и покрај тоа изгледа брзо сфатија дека на тој начин би имале повеќе штета отколку корист.

Прв на удар беше српскиот тенисер и број 1 на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, кој не сака ниту да зборува за вакцините.

Како и да е, заканите упатени кон Ѓоковиќ, но и кон останатите тенисери не вродија со плод, односно беа лажни, факт што го потврди и поранешната тенисерка Кејси Делаква, инаку задолжена за контакт на Австралија Опен со ВТА турот во врска со корона вирусот.

Имено, невакцинираните играчи ќе можат да патуваат на исти начин како и вакцинираните, само што за нив ќе важат малку поригорозни правила во текот на двонеделниот карантин.

Во Мелбурн, како и минатата година ќе биде воведен карантин за самите тенисери, а тие ќе доаѓаат во Австралија преку чартер летови.

– Веќе разговаравме со играчите околу моменталните услови. Знаеме дека Австралија Опен ќе се одржи во последните две недели од јануари и дека ќе има карантин. Играчите ќе имаат можност да тренираат – рече Делаква.

На прашањето што ќе биде со невакцинираните тенисери, Делаква даде конкретен одговор и ги разреши сите дилеми, секако доколку не дојде до некакви промени пред почетокот на првиот гренд слем за 2022 во Мелбурн.

– Вакцините нема да бидат задолжителни. Можам да кажам дека во Австралија ќе можат да дојдат и вакцинирани и невакцинирани тенисери, но ќе имаат различни услови при нивниот престој. Нашата порака до играчите е да ако ги сакаат најдобрите услови, тогаш нека бидат вакцинирани.

Слично размилсува и поранешниот број 1 на АТП листата Енди Мареј.

– Колку што можев да разберам, доколку не сте вакцинирани вие и понатаму можете да играте, само правилата ќе бидат поинакви. Можеби би морале да одите во Австралија неколку недели порано од останатите. Тоа е избор на играчот. Ако локалната власт го постави тој услов, ја би го поддржал – рече Мареј.

Отвореното првенство на Австралија треба да започне на 17 јануари, бранители на титулите се Новак Ѓоковиќ во машка и Наоми Осака во женска конкуренција.

Следете нè на Фејсбук и на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *