“Некогаш само вистината не е доволна, некогаш е потребна и малку храброст!”

Коловрт преставува продукт на новото време, продукт на “новата нормалност” која сите нас не фати на препад, не фати толку неподготвени да се соочиме што нешто што, и покрај сè, ни беше незамисливо до пред само 2 години…

И не мислам на “К19”, не мислам на т.н. “невидливив непријател”, мислам на нешто сосема поинакво, нешто што драстично се разликува од секојдневните свежи предизвици кои ни ги донесоа минатата 2020 и оваа 2021 година.

  • Мислам на недостатокот од објективни медиуми;
  • мислам на недостатокот на едно здраво критичко размислување;
  • мислам на недостатокот на, воопшто, желба за било какво размислување;
  • мислам на новокомпонираните догми кои не смееме да ги преиспитуваме;
  • мислам на потребата за вистинска слобода;
  • мислам за потребата за правична правда;
  • мислам за потребата за еднаквост со вистински знак на равенство;
  • мислам на потребата некој конечно отворено да се фати во костец со дискриминацијата и сегрегацијата од секаков вид;
  • мислам на омаловажовањата и шиканирањата што ги добива секој што го прави тоа.

Е токму поради овие (и низа на други суштествени причини), во февруари годинава се создаде брендот КОЛОВРТ!

Можеби бренд е еден преувеличен збор, веројатно пофино е да се каже СИМБОЛ, симбол кој неуморно на сите социјални платформи се бореше, се бори, и апсолутно секогаш и ќе се бори НЕ ЗА СЕБЕ, ТУКУ ЗА ВИСТИНАТА, симбол кој секогаш ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ВАС!

И можеби сме малку, можеби сме еден или двајца, можеби немаме воопшто средства за една ваква борба на Давид против Голијат, но исконската цел која не води преку сиве месеци проткаени со напади, исмејување и омаловажување од разноразни марионети, НО И СО ПОДДРШКА И ПОТТИК ДА СЕ ИСТРАЕ од страна на ВАС, ВИСТИНСКИОТ СЛОБОДОУМЕН НАРОД, исконската цел е посилно од сè останато!

Така, конечно на мое лично задоволство (а се надевам и ваше), во октомври 2021 година се роди и вебсајтот КОЛОВРТ кој ќе ви ја донесе вистината како што никој претходно не го направил тоа кај нас!

Ние уживаме да ви ја носиме вистината, но искрено повеќе уживаме да би ја откриваме вистината, а најмногу? Најмногу уживаме кога ја РАЗОТКРИВАМЕ!

Тимот на КОЛОВРТ ви посакува пријатни мигови на нашиот вебсајт!

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ОД СРЦЕ!