И СЕВЕРНА КОРЕЈА ВОВЕДУВА ЛОКДАУН!

И СЕВЕРНА КОРЕЈА ВОВЕДУВА ЛОКДАУН!

Северна Кореја воведе блокада низ целата земја откако ги потврди првите случаи на Ковид -19 од почетокот на пандемијата.

Инфекциите предизвикани од подваријантата БА.2 на високо преносливиот вид Омикрон се откриени во главниот град Пјонгјанг на 8 мај, објавија денеска државните медиуми.

Според Корејската централна новинска агенција (КЦНА), властите не го прецизираа бројот на случаи, но ја опишаа епидемијата како „тешка ситуација“.

На состанокот на владата, со кој претседаваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, се препорачани „најитни“ контролни мерки „за справување со кризата за да се спречи епидемијата“.

Епидемијата предизвикува загриженост за земјата, една од ретките што нема пријавено ниту еден случај на инфекција од почетокот на пандемијата.

Превентивната стратегија на Северна Кореја се потпира на целосно затворање на границите од јануари 2020 година.

Светската здравствена организација нема податоци за вакцини против Ковид-19 во земјата со 25 милиони жители, откако Пјонгјанг постојано одбиваше снабдување со вакцини од меѓународната заедница.

По ова, веќе станува јасно дека не постои ниту една единствена земја на планетава која искрено се спротивстави на глобалистичката агенда, односно корона хистерија, а сите оние кои во изминатиов период ја величеја силата на „големиот лидер“ Ком Јонг Ун, треба барем јавно да се извинат…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!