србија пропусници

ПАДНА ЛИ ПОСЛЕДНАТА СЛОБОДНА ДРЖАВА ВО РЕГИОНОТ?! СРБИЈА ВОВЕДУВА КОВИД ПРОПУСНИЦИ!

На денешната седница на српскиот Кризен Штаб одлучено е да се воведат ковид пропусници, но кои ќе се применуваат само по 22 часот и тоа во угостителските објекти, на свадбите и славите.

Премиерот на Република Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека и оние кои веќе примиле две дози, а не се вакцинирани со трета по изминатис едум месеци, нема да можат да ги користат ковид пропусниците.

Овие пропусници се само вовед, најава за мерките кои ќе следат, сигурно нема да останеме само на ова, кажа за РТС епидемиологот и член на Кризниот Штаб проф. д-р Бранислав Тиодоровиќ. Порача дека постои голема стапка на заразување кај децата, дека некои од нив се на респиратор и медицинскиот дел на Кризниот Штаб е за тоа што порано да се премине на онлајн настава.

Од друга страна, како што може да се посведочи на социјалните мрежи, веќе се закажани неколку протести од страна на незадоволните граѓани од одлуката на Кризниот штаб.

Од една страна се огласуваат поединци, а од друга дури и здруженија на угостители кои ги повикуваат граѓаните на собир пред Народното Собрание на Република Србија.

Постојат сеуште непотврдени информации дека собирот ќе се одржи вечерва во 20 часот.

Минувачите веќе јавуваат дека околу парламентот веќе се започнати да се групираат окопни возила на српското МВР, веројатно поради можните нереди кои може да ги предизвика оваа одлука на Кризниот штаб.

Следете нè на Фејсбук и на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom