ваучери вакцинација

СЕ ПРЕДЛАГААТ ВАУЧЕРИ И ДРУГИ СТИМУЛАТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАБРЗУВАЊЕ НА ВАКЦИНИРАЊЕТО!

За поефикасно справување со пандемијата и во текот на изминатите денови беа упатени повици да се забрза темпото за имунизација и тоа преку стимулативни мерки!

Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк, на носителите на политики им препорачаа да го забрзаат темпото на вакцинација со воведување стимулативни мерки, како на пример вредносни ваучери, особено во градовите каде што има пониско ниво на вакцинирано население.

И на приватниот сектор му се препорачува преку стимулативни мерки да ги мотивира вработените да се вакцинираат, а новинарите и истражувачите да го зголемат нивото на информираност на популацијата за ефектите од вакцинација преку издржани и детални анализи.

Останува да видиме дали Владата или Министерството за Здравство ќе искористат дел од народните пари за “наградување” или “казнување” на личниот избор на граѓаните на Република Македонија.

Според последните податоци од Министерство за здравство, 35 проценти од популацијата во државава примиле две дози вакцина, додека според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја се вакцинирани барем со една доза.

Следете нè на Фејсбук и на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *