смит операција мозок страв

ЧУДО! ОТКАКО МУ ОТСТРАНИЛЕ ДЕЛ ОД МОЗОКОТ, ПАЦИЕНТ ПРЕСТАНАЛ ДА ЧУВСТВУВА СТРАВ!

Џоди Смит, човек кој се бореше со анксиозноста тврди дека ја загубил способноста да чувствува страв по операција на мозокот, опишувајќи го тоа чувство како еден вид на стоицизам кој му дава “моќ” во моментите кога се соочува со некои животни опасности, како насилници, животни или инсекти и ситуации кои во минатото му задавале прилично висок степен на страв во животот.

Овој 32-годишник вели дека не се плаши од ништо – резултат на отстранувањето на десната амигдала од неговиот мозок.

Во минатото, овој жител на Њујорк, пател од кратки напади на паника кои би се повторувале неколку пати во текот на неговиот ден. Таа периодична нервоза често доведувала до сериозни епизоди на “исклучување” по кои тој би започнал да ползи или би се скаменил поради краткотрајното губење на видот.

Смит додава дека дури и едвај се сеќавал на овие настани. По консултација со специјалист, дијагностицирана му е епилепсија.

Тој поминал две години обидувајќи се да ги излечи своите напади со лекови, но без успех . Операцијата на мозокот му била последна надеж.

Пред да ја започнат процедурата, докторите вградиле сонди во Смитовиот мозок, како би можеле да лоцираат од каде точно потекнуваат нападите.

Тогаш нему му е предложено да намерно си предизвика напад, како неговите доктори би можеле да го утврдат подрачјето на мозокот кое треба да биде отстрането.

Според Смит, тој намерно се “измачувал”, главно преку пуштање гласна музика и преку лишување од сон, во надеж дека ќе покрене епилептична реакција. Во еден момент дури и докторите го поттикнале да пие пиево како би го забрзал процесот.

После една недела, хирурзите прецизно ја одредиле својата мета: предната половина на десната слепоочница, десната амигдала и десниот хипокампус. Три дена по операцијата, Смит е пуштен од болница.

Додека се опоравува во својот дом, тој забележува дека операцијата му направила одредени проблеми со помнењето и со фокусот, но постоел уште еден проблем или нус-појава – Не можел да почувствува страв!

“Многу работи го опишуваат терминот страв” – како, “се плашам од пајаци или се плашам од неуспех” – но јас зборувам за страв кој би го почувствувале кога се соочувате со смртта или со сериозни повреди. Тоа е стравот кој е отстранет,” напишал Смит.

Тој исто така навел и неколку примери како оваа промена влијаела врз неговото однесување.

Имено, шетајќи низ градот, Њу Џерси, му пришла група на крадци, ситни разбојници. Наместо да се обиде да ги избегне, мирно поминал покрај нив, со смел потег кој го оставил неповреден. “Очигледно ги погоди мојот недостаток на страв,” рече Смит.

Друга работа која навистина го плашела пред операцијата се пајаците, и помалите и поголемите. Овојпат, по соочувањето со еден пајак, не почувствувал потреба да реагира, дури и дозволил да биде каснат. “Си реков, ОК, што следно би требало да направам?” вели Смит. Како пасиониран планинар Смит открива дека веќе не се плаши да стои близу стрмните карпи.

Се чини дека Смит е задоволен со својот нов начин на размислување. Вели дека “иако сеуште пати од проблеми со помнењето и фокусот, неговиот живот е подобар без чувството на страв.” Смит објаснува дека сега може мирно и рационално да ги анализира ситуациите, наместо да биде преплавен од емоции.

Иако медицинските експерти велат дека неговиот очигледен недостаток на страв е неочекувана нус-појава, исто така не се изненадени од неговиот нов поглед на животот. Докторката Сани ван Рој, доцент за психијатрија и науки за однесувањето на Универзитетот Емори, вели дека Смитовата реакција на операцијата се одразува и врз другите луѓе кои треба да бидат подлоќени на слични хируршки зафати.

Како и да е, во неговиот случај, можеби токму тоа му било потребно – но другите луѓе би требало да се чуваат – нам ни се потребни механизмите на стравот како алатка за преживување, а тоа е од витална важност во некои ситуации. Ова е сепак случај за луѓе сос ериозни невролошки заболувања, луѓе на кои животот им е секојдневно загрозен и кои немаат друг избор, туку да се подложат на една ваква интервенција.

Kolovrt/Vice

Следете нè на Фејсбук и на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *