150+ ОБЈАВЕНИ СТУДИИ ГО ПОТВРДУВААТ ПРИРОДНО СТЕКНАТИОТ ИМУНИТЕТ НА KOBИД-19: ДОКУМЕНТИРАНИ, ОБЈАВЕНИ, РЕЦЕНЗИРАНИ, ПОВРЗАНИ И ЦИТИРАНИ

150+ ОБЈАВЕНИ СТУДИИ ГО ПОТВРДУВААТ ПРИРОДНО СТЕКНАТИОТ ИМУНИТЕТ НА KOBИД-19: ДОКУМЕНТИРАНИ, ОБЈАВЕНИ, РЕЦЕНЗИРАНИ, ПОВРЗАНИ И ЦИТИРАНИ

Автор: Д-р Пол Александар е епидемиолог кој се фокусира на клиничката епидемиологија, медицина базирана на докази и методологијата на истражување. Магистрирал епидемиологија на Универзитетот во Торонто, а има магистратура и од Универзитетот Оксфорд. Докторирал на Катедрата за здравствени методи на истражување, докази и влијание на Мекмастер. Има обука за биотероризам/биовојување од Џонс Хопкинс, Балтимор, Мериленд. Пол е поранешен консултант на СЗО и виш советник на американското Министерство за Здравство во 2020 година за справување со KOBИД-19.

Не треба никому да форсираме вaкцини против KOBИД кога доказите покажуваат дека природно стекнатиот имунитет е еднаков или супериорен во однос на постоечките вaкцини. Наместо тоа, треба да го почитуваме правото на телесниот интегритет на поединците сами да одлучуваат. Претставниците на јавното здравство и медицинските установи со помош на политизираните медиуми ја доведуваат во заблуда јавноста со тврдењата дека вaкцините против KOBИД-19 обезбедуваат поголема заштита од природниот имунитет. Директорката на Американскиот Ценар за Јавно Здравство, Рошел Валенски, на пример, беше неискрена во нејзината објавена изјава во LANCET во октомври 2020 година дека „нема докази за траен имунитет на СAPС-КoВ-2 по природна инфекција“ и дека „последицата од слабеењето на имунитетот би претставувала ризик за ранливи популации на неодреден рок“. Основите на имунологијата и вирусологијата нè научија во текот на еден век дека природниот имунитет дава заштита од сите протеини на надворешната обвивка на респираторниот вирус, а не само од еден, на пр. гликопротеинот на СAPС-КoВ-2. Постојат дури и силни докази за перзистентноста на антителата. Дури и Американскиот Центар за Јавно Здравство препознава природен имунитет за сипаници, заушки и рубеола, но не и за KOВИД-19.

Вaкцинираните покажуваат вируcно оптоварување (многу високо) слично на невaкцинираните (Acharya et al. and Riemersma et al.), а вaкцинираните се исто толку заразни. Riemersma et al.. пријавуваат податоци од Висконсин кои потврдуваат како вaкцинираните лица кои се инфицираат со варијантата Дeлта го пренесуваат СAPС-КоВ-2 на други (потенцијално на вaкцинирани и невaкцинирани).

Оваа вознемирувачка ситуација на вaкцинираните да бидат заразни и да го пренесуваат вируcот се појави во трудовите од  Chau et al (здравствени работници во Виетнам), епидемијата на болницата во Финска (распространета меѓу здравствените работници и пациентите) и eпидемијата на болницата во Израел (распространета меѓу лекарите и пациентите). Овие студии, исто така, открија дека маските биле суштински неефикасни во здравствената заштита. Повторно, болеста на Марек кај кокошките и ситуацијата со вaкцинација објаснува со што потенцијално се соочуваме со овие нестерилизирачки вaкцини кои „протекуваат“ (зголемен пренос, побрз пренос и повеќе „пожешки“ варијанти).

Понатаму, постоечкиот имунитет треба да се процени пред каква било вaкцинација, преку точен, сигурен и прецизен тест за антитела (или тест за имунитет на Т-клетките) или да се заснова на документација за претходна инфекција (претходен позитивен PCR или антиген тест). Како таков би бил доказ за имунитет кој е еднаков на оној на вaкцинацијата и на имунитетот треба да му се обезбеди ист општествен статус како и секој имунитет индуциран од вaкцина. Ова ќе функционира за ублажување на општествената анксиозност со овие присилни мандати за вaкцини и општествени превирања поради губење на работа, негирање на општествени привилегии итн. Распарчувањето на општеството, неговото раздвојување на вaкцинирани и невaкцинирани, не е ниту медицински ниту научно издржано.

Институтот Браунстоун претходно документираше 30 студии за природниот имунитет што се однесуваа на Кoвид-19. Оваа табела за следење е обновената и најсеопфатна листа од 150 најквалитетни, комплетни, научни студии и извештаи за докази/изјави за природниот имунитет во споредба со имунитетот предизвикан од KOBИД-19 вакцините и ви овозможува сами да извлечете заклучок. Листата подоле вклучува рецензирани студии и висококвалитетна литература и извештаи што придонесуваат кон тој збир на докази. Целта овде е да споделите и информирате за сопствените одлуки.

Оваа листа е склопена со помош на:

Д-р Харви Риш (Училиште за јавно здравје Јеил)

Д-р Хауард Тененбаум, д-р (Медицински факултет, Универзитет во Торонто)

Д-р Рамин Оскоуи (Фокхал кардиологија, Вашингтон)

Д-р Питер МекКалоу (Фондацијата Вистина за здравјето (TFH)), Тексас

Д-р Парвез Дара (специјалист, медицински хематолог и онколог)

ТУКА МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ СИТЕ СТУДИИ, А НИЕ ЗАПОЧНУВАМЕ СЕРИЈА И ОД УТРЕ ЕКСКЛУЗИВНО НА КОЛОВРТ ЌЕ ОБЈАВУВАМЕ СЕКОЈ ДЕН ПО ЕДНА!!!

Овојпат нема бегање од вистината…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!