судија татко

1984?! СУД НЕ МУ ДОЗВОЛУВА НА ТАТКОТО ДА ЈА ПОСЕТИ СВОЈАТА ЌЕРКА ЗАТОА ШТО НЕ Е ВАКЦИНИРАН

Судија во Њујорк го блокираше татковото право да ја види својата тригодишна ќерка ако не се согласи да прими вакцина за ковид-19.

На почетокот на септември, Иван Шајн, адвокат кој ја претставува мајката во бракоразводната парница, изрази загриженост околу вакциналниот статус на таткото, по што судијата Метју Купер ги суспендираше неговите права да ја посети ќерката се додека не прими вакцина за ковид.

Според судијата, таткото мора да се согласи на вакцинација, затоа што тоа во секој случај веќе станало услов за “значајно учество во секојдневниот живот”.

“Опасностите кои ги носи доброволното останување невакциниран во тек на видувањата со детето, додека вирусот ковид-19 останува понатамошна закана по здравјето и сигурноста на децата, не можат да се потценат,” рече судијата.

И судијата нема да застане тука, туку ќе продолжи: “За жал, и според мене, несфатливо, едно значајно малцинство кое ги искористи дезинформациите, теориите на заговор и измешаните погледи за индивидуалната слобода, ги одби сите молби да се вакцинира!”

Сепак, постои и една друга опција за таткото, а тоа е да секоја недела плаќа скапи ПЦР тестови, покрај антигенските кои мора да ги направи 2 пати неделно.

Одлуката беше пофалена од страна на адвокатот на мајката како “неверојатно важна и со која се нагласува тоа во какво време живееме и дека интересите на детето и понатаму се најважни.”

Меѓутоа, Лојд Росен, адвокат на таткото на детето предупреди дека пресудата претставува страшен преседан.

“Мојот клиент не е теоретичар на заговор”, рече Росен. “Тој е загрижен поради вакцината. Слушна за несаканите ефекти, а еднаш имаше лоша реакција на вакцината против грип.”

Ќе продолжи: “Судијата мора да смета дека има 80 милиони Американци кои не се вакцинирани, дали тие ги изложуваат своите деца на непосреден ризик или штета и поради тоа судовите би ртебало да интервенираат и да ги оттргнат тие деца од своите родители?! Ова е апсурден став!”

Таткото дури и веќе бил заразен со ковид-19, што, според најголем дел од светските научни трудови, значи дека има антитела кои му нудат далеку поголема заштита од самата вакцина, но тоа, секако, не се зема в предвид.

Следете нè на Фејсбук и на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *