светски економски форум предвидувања

8 ПРЕДВИДУВАЊА НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ЗА 2030 – НЕМА ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ, ДАНОК НА СО2, МИГРАНТИТЕ ЌЕ СТАНАТ ГАЗДИ…

Светскиот економски форум (World Economic Forum) ги објави своите 8 предвидувања за светот во 2030 година.

Едноставно не знаете кое од нив е полудо:

1. Сите производи ќе станат услуги. “Не поседувам ништо. Не поседувам автомобил. Не поседувам куќа. Не поседувам никакви уреди, нити облека,” пишува Ida Auken. Купувањето е далечен спомен во градот во 2030 година, чие население користи чиста енергија и го позајмува она што му е потребно. Звучи утописки, сѐ додека не се спомене дека се следи секој чекор и дека надвор од градот живеат незадоволните граѓани, како ултимативен приказ на општество поделено на два дела.

Ова звучи како чистокрвен марксизам.

2. Постои светска цена на јагленот. Кина го презема водството во 2017, поставувајќи го светот на пат спрема единствена цена на јагленот и силен поттик за отфрлување на фосилните горива, предвидува Jane Burston, раководителот за клима и околина во Националната лабораторија на Обединетото Кралство. Во меѓувреме, Европа се нашла во средиштето на трговијата со евтини и делотворни соларни панели, затоа што цените на обновливите извори на енергија одеднаш опаднале.

Користењето на Кина, најзагадената земја во светот, како пример за данок на јаглен е, во најмала рака, смешно.

3. Американската доминација е готова. Имаме прераспределување на глобалните сили. Националните држави ќе се вратат, пишува Rоbert Muggah, директорот за истражување на Институтот Igarapé. Наместо една сила, ќе имаме неколку: САД, Русија, Кина, Германија, Индија и Јапонија како главни меѓу нив, со полу-империјални склоности. Но, истовремено улогата на државите е загрозена со трендовите, вклучувајќи го е растот на мега-градовите и ширењето на интернет-идентитетот.

Дали Америка ќе се уништи одвнатре и ќе им го препушти приматот на другите светски сили?!

4. Збогум за болниците, добредојде за лечење во сопствените домови. Технологијата додатно ќе ги погоди болестите, пишува Melanie Walker, докторка и советничка во Светската Банка. Болниците какви што ги познаваме ќе престанат да постојат, а ќе има и помалку несреќи поради самовозечките автомобили и огромните чекори во превентивната и персонализирана медицина. Крај за скалпелите и донаторите на органи, почеток на малите роботски цевчиња и биолошките испринтани органи.

Луѓето стануваат машини и животот повеќе не се цени како нешто свето.

5. Јадеме далеку помалку месо. За разлика од нашите дедовци и баби, месото ќе го третираме како деликатес, а не како основна храна, пишува Tim Benton, професор за популациска екологија на Универзитетот во Лидс, Велика Британија. Нема да победат корпорациските земјоделски компании, ниту малите произведувачи, туку комбинацијата од двете, со готови намирници редизајнирани да бидат здрави и помалку штетни за околината.

Ако се прашува Бил Гејтс, најголемиот земјопоседник на планетава, ова сценарио нема да биде толку поволно по нас останатите…

6. Денешните мигранти од Сирија, во 2030 ќе бидат шефови. Високообразованите сириски бегалци ќе станат полнолетни до 2030, што е причина за економска интеграција на оние кои биле присилени да бегаат од судирите. Светот мора подобро да се подготви за население во движење, пишува Lorna Solis, основач и извршна директорка на невладината организација Blue Rose Compass, знаејќи го фактот дека климатските промени ќе раселат милијарди луѓе.

Веќе видено сценарио низ целиот свет…

7. Западните вредности ќе бидат ставени на испит, до точка на уништување. Да ја заборавиме контролата и рамнотежата кои ја засилуваат демократијата на наша штета, пишува Kenneth Roth, извршниот директор на Human Rights Watch.

Дали е тоа и крајот на цивилизацијата каква ја познаваме?!

8. До 2030, ќе бидеме подготвени за да ги однесеме луѓето на Црвената планета, Марс. “Понатаму, кога ќе стигнеме таму, веројатно ќе откриеме докази за постоење на вонземјански живот,” пишува Ellen Stofan, главен научник во НАСА. Големата наука ќе ни помогне да одговориме на некои важни прашања околу животот на Земјата, како и да започнеме практична примена на вселенската технологија.

Ако претходните 7 предвидувања на Светскиот Економски Форум се покажат како точни, веројатно дека луѓето ќе молат да одат на МАРС што е можно побрзо…

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!