лабораторија состав брз

А НИЕ ТЕСTИРАВМЕ НАД 8000 ДЕЦА! ЛАБОРАТОРИЈА ГО АНАЛИЗИРАЛА СОСТАВОТ НА БPЗИТЕ TЕСTOВИ! ОНА ШТО ГО ОТКРИЛЕ Е ТОЛКУ ОПАСНО ШТО Е ПОБАРАНА НИВНА ИТНА ЗАБРАНА ЗА УПОТРЕБА!

Синдикатот кој се грижи за правата за работниците од јавниот сектор на Кипар, побара итна забрана на брзите тестови за корона вирусот, откако медиумите известија дека тие содржат етилен оксид (отровна супстанца) и тоа во неколку пати поголема количина од дозволената.

Синдикатот Isotita (Еднаквост) вели дека брзите тестови – кои работниците според сегашните протоколи се обврзани да ги прават на секои 72 часа – мораат да бидат итно суспендирани, сè додека официјалните здравствени власти не ја истражат оваа појава на токсични материјали и не утврдат било какви ризици по здравјето.

Цитирајќи ја Европската Хемиска Агенција, синдикатот вели дека етилен оксидот (инаку супстанца која се користи за обложување и стерилизација на ПЦР и брзите тестови), е токсичен, канцероген и мутаген агенс дури и кога е само вдишан во човековото тело.

Инаку, етилен оксидот е гас кој е често користен за стерилизација на многу различни типови на медициска опрема, вклучувајќи ги и стапчињата од тестот за корона вирусот. Гасниот стерилизатор од етилен оксид се користи во болниците повеќе од 40 години за стерилизација на хируршката опрема која е чувствителна на топлина и влажност.

Употребата на оваа супстанца е забранета при производството на храна во ЕУ. Според ЕУ Регулативата 2015/868, максималното дозволено количество на етилен оксид е 0.05 mg/kg.

На примерокот, пак, тестиран во кипарската лабораторија, брзиот тест содржел неверојатни 0.36 mg/kg, или 7 пати повеќе од дозволеното количество.

Анализата е направена на 21 октомври.

Министерството за здравство сеуште не се огласило за ова прашање.

Во август годинава, кипарската власт повлече од употреба повеќе прехранбени производи кои содржеа етилен оксид. Министерството тогаш изјави дека малите количини на етилен оксид не претставуваат директна опасност по здравјето на луѓето, но “научните студии велат дека честата конзумација на долг рок, дури и на минорни количини на етилен оксид, го зголемува ризикот за канцер.”

Според ЕУ стандардите, храната може да биде повлечена од пазарот “дури и кога само една состојка покажува дека била третирана со етилен оксид, па дури и со најниското можно ниво кое може да се открие, вклучувајќи го и случајот кога состојката процентуално претставува најмал дел од тој производ.”

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom