адвокат сашко јовановски

АДВОКАТ САШКО ЈОВАНОВСКИ ЗА НЕЗАКОНИТОСТА НА НОВИТЕ KOBИД-МЕРКИ: “ЗА ОВА И КРИВИЧНО СЕ ОДГОВАРА!” (ВИДЕО)

Ако бевме сведоци дека во Хрватска, бројот на адвокатите кои се решија да застанат против корона-лудилото и рестриктивните дискриминаторски мерки, за миг се зголеми од 6 на 300, се чини дека тој процес ја чека и Македонија.

Ви пренесуваме ексклузивна изјава за нашиот вебсајт на еден од адвокатите кој пред неколку месеци, заедно со уште двајца негови колеги, поднесе барање до Уставниот Суд на РМ за преиспитување на уставноста и законитоста на владините рестриктивните мерки, Сашко Јовановски.

Овојпат, тој ќе се осврне (цитирајќи Член по Член од Уставот и Законите) на новите предлог-мерки на Комисијата за заразни болести, застанувајќи во одбрана на ова еклатантно кршење на Уставот на РМ, а воедно и застанувајќи зад човековите права на граѓаните погодени со нив.

“Мојот став во врска со предложените и некои веќе донесени мерки од страна на Владата е јасен – Се работи за целосно противуставни, противзаконски и реално неприменливи одредби, т.е. мерки.” – започнува Јовановски.

“За досега усвоените мерки, заедно со неколку колеги, на 20 август поднесовме претставка до Уставниот Суд, со барање за преиспитување на уставноста и законитоста на овие одредби и од истиот чекаме одговор на ова барање.”

“Сметам дека доколку новите предлог-мерки бидат усвоени од страна на Владата, ова ќе претставува најтежок вид на повреда и незаконско одземање на човековите слободи и права на лицата кои од било која причина не се вакцинирани!

Со оглед на фактот што се работи за незадолжителна вакцина која е недоволно испитана и за која се прескокнати 3 фази од задолжителните клинички испитувања и има одобрение само за итна употреба, ова претставува класичен обид за уцена на луѓето и тоа со закана за губење на работното место, ограничување на правото на движење и сл.

Со ова на најподмолен начин, а под маска на заштита на здравјето на луѓето, се врши незаконска присила на вакцинација! Притоа се занемарува фактот дека ваквите мерки немаат никаква врска со заштита на здравјето на луѓето, ниту научна заснованост и логика и никаде во светот досега не дале очекуван резултат.

Мора да укажам дека секој што на било каков начин учествува во носењето и спроведувањето на вакви дискриминаторски и противзаконски одлуки, со умисла извршува кривично дело присила од Член 139 од кривичниот законик, кривично дело повреда на рамноправноста на граѓаните по Член 137 и кривично дело сурово, нечовечко и понижувачко постапување и казнување од Член 142 од кривичниот законик и за истите кога-тогаш кривично ќе одговара!”

Понатаму, адвокатот Јовановски се осврнува и на неговите колеги адвокати, а воедно и ги повикува на соработка и заедничка борба против дискриминаторските мерки:

“Тотално сум разочаран од пасивноста и кратковидоста на моите колеги, затоа што досега само неколку од нив јавно го искажаа својот став!

При добивање на Лиценцата од Адвокатска Комора, ние исто така имаме положено заклетва и имаме должност да реагираме на секое кршење на Уставот и законите и да им укажеме правна помош на нашите граѓани.

Последиците од досегашните неадекватни мерки се очигледни, а носењето на нови може да има несогледливи последици како по економијата, така и по физичкото и психичкото здравје на луѓето.

Се надевам дека сепак ќе преовладее разумот и овие мерки нема да бидат прифатени од страна на Владата, а во исто време ги повикувам своите колеги адвокати, да излезат во пресрет на граѓаните и да им пружат правна помош на сите коишто ќе бидат засегнати од овие мерки и евентуално ќе претрпат последици од истите.” – завршува Сашко Јовановски.

Целосната изјава можете да ја проследите на следното видео:

https://rumble.com/vpkxpz–o-.html

Уживајте во обраќањето на Јовановски и проследете го насекаде, затоа што крајно време е да се слушне гласот на правдата и гласот на вистината, крајно време е нивната агенда конечно биде целосно разоткриена.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom