agenda klimatski promeni

АГЕНДА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ БАЗИРАНА НА ЛИЧНИ ВЕРУВАЊА И ПОЛИТИКИ: НЕ НА ЦВРСТИ ДОКАЗИ

Според повеќе од 1.000 истражувачи и научници, кои се собраа за Светската декларација за климата, нема потреба од паника и да се пали црвеното светло кога се во прашање климатските промени, бидејќи климата на Земјата постојано се менува од нејзиното постоење и ќе продолжи да се менува.. Наместо паника, тие повикаа на климатски истражувања кои имаат помалку политика, а повеќе наука.

Во декларацијата со наслов „Не постои климатска вонредна состојба“, потписниците истакнаа дека климата на Земјата постојано се менува, „преминувајќи од топол во студен период“, како што е малото ледено доба кое штотуку заврши во 1850 година.

Научниците и истражувачите дополнително нагласија дека вистинското затоплување се случува „многу побавно од предвиденото“, со климатски модели кои ги нарекоа несоодветни и неисправни.

Јазот меѓу реалниот и моделираниот, симулиран свет ни кажува дека сме далеку од разбирање на климатските промени, нагласија тие.

Во декларацијата се зборува и за јаглерод диоксидот, во која се нагласува дека „јаглерод диоксидот не е загадувач, туку е неопходен за целиот живот на планетата, корисен за природата и зазеленувањето на планетата“. И, исто така, „профитабилен за земјоделството со зголемување на приносите на културите ширум светот“.

Истражувачите и научниците тврдат дека глобалното затоплување не ги зголемило природните катастрофи. „Нема статистички докази дека глобалното затоплување ги зголемува ураганите, поплавите, сушите и слични природни катастрофи.

Сепак, постојат многу докази дека мерките за намалување на јаглерод диоксидот (CO2) се и штетни и скапи, се наведува во декларацијата.

Во заклучокот повторија дека „нема вонредни климатски ситуации“. Затоа нема причина за паника и тревога.

Според сите донесени заклучоци, научниците и истражувачите се строго против штетната и реална политика на нула јаглерод диоксид до 2050 година. Наместо тоа, научниците и истражувачите повикуваат на транспарентни, научни и аполитички истражувања.

Јаглерод диоксидот е неопходен за живот

Врз основа на податоците презентирани погоре, можеме да дојдеме до заклучок дека јаглеродниот диоксид не само што не е штетен, туку и е неопходен бидејќи го одржува животот на Земјата. Логично, ако неутрализираме огромни количества јаглерод диоксид од атмосферата, тоа автоматски значи дека ќе го отежнеме развојот и опстанокот на животот на земјата.

На растенијата им е потребен јаглерод диоксид, кој го вдишуваат и ни обезбедуваат кислород. Ако нема доволно јаглерод диоксид, растенијата не се развиваат и не можат да преживеат, што значи дека растителниот свет може да изумре. Помалку растенија, помалку кислород и храна за животните и луѓето. Помалку храна и воздух значи потежок живот за луѓето и животните, што доведува до болести и потенцијално истребување.

Дури и да се испостави дека јаглеродниот диоксид е штетен, се чини дека не можеме да го ставиме надвор од употреба бидејќи го поддржува животот.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!