марко францишковиќ

АГЕНДАТА ПОКАЖУВА ПАНИКА – ДАЛИ ХРВАТСКА ОДИ КОН ГРАЃАНСКА ВОЈНА: УАПСЕН ЛИДЕРОТ НА ОТПОРОТ ПРОТИВ РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ КОЈ ПОВИКУВАШЕ НА ЗАЗЕМАЊЕ НА ХРТ, МАРКО ФРАНЦИШКОВИЌ!

Хрватскиот режим започна масовни апсења на учесниците на маршот за слободата на кој против рестриктивните мерки излегоа над 70.000 хрватски граѓани! Неофицијално дознаваме дека е уапсен и Марко Францишковиќ, неговиот најблизок соработник д-р Натко Ковачевиќ и Денис Башнец, момчето кое го снимаше протестот со неговиот мобилен телефон! Во времето на пишување на овој текст се приведени најмалку 6 лица.

Да потсетиме, на собирот во Загреб пред речиси 2 недели, Марко Францишковиќ ги исвои срцата на присутните со неговиот жесток говор, говор преку кој повика на обединување на сите народи против единствениот непријател, непријател кој има свое име – владејачките елити и глобалистичката агенда, а како еден од првите чекори кон конечната слобода, повика на преземање на Хрватската Радио Телевизија (ХРТ), која е водечкиот медиум во Хрватска за ширење на страв, паника и хистерија помеѓу хрватскиот народ.

Текстот е преземен од хрватскиот портал Logicno:

Атмосферата во општеството

Хрватското општество (секако и македонското) денес е поделено повеќе отколку било кога. Поделбите се создаваат помеѓу оние кои послушно го следат режимскиот наратив и оние кои размислуваат со својата глава, се запрашуваат и се залагаат за слободата. Поделбите се создаваат и во семејствата, фирмите, помеѓу пријателите…

Истовремено, режимот спроведува незапамтена сегрегација на општеството преку нешто што се нарекува ковид сертификат, но всушност се работи за нешто многу подлабоко и значајно, се работи за средство за потполно поробување. Дигитален сертификат без кој во иднина нема да можеме нити да купиме било што, библискиот Жиг на Ѕверот. Се спроведува присилна вакцинација, иако се тврди дека е таа доброволна, што секако дека не е, знаејќи го фактот дека луѓето се уценуваат со средствата за нивна нормална егзистенција. Овие т.н. “вакцини” всушност се генетски препарати, нова технологија која се нарекува мРНК и која никогаш пред почетокот на оваа пандемија не се користела врз луѓето во вид на вакцина.

Овие препарати се нарачуваат од криминалците од Фајзер – фирмата која е правосилно осудена повеќе пати и која платила највисока казна во историјата од 2.3 милијарди долари поради лажење и подмитување на докторите. Договорот кој со нив го потпишал хрватскиот (и македонскиот) режим се држи во тајност, а за несаканите ефекти не се одговара.

А несаканите реакции од примањето на овој генетски препарат се апсолутно застрашувачки. Речиси секој ден слушаме нови вести за спортистите кои изненадно доживуваат срцеви удари и паѓаат на терените, иако режимските медиуми максимално ги заташкуваат и цензурираат овие случаи и научниците кои известуваат за нив. Заедно со тоа, активно шират говор на омраза и ги омаловажуваат и навредуваат сите оние кои не се согласуваат со официјалниот наратив на режимот.

Премиерот Пленковиќ исто така ги навредува демонстрантите кои се собраа во неверојатна бројка од над 70.000 во главниот град, и одбива било каков разговор со нив.

Како некогаш во тоталитарните режими – Започнаа апсењата

И сега, во една ваква атмосфера, режимот започна масовни апсења на учесниците во протестите. Неофицијално дознаваме дека е уапсен и Марко Францишковиќ, неговиот најблизок соработник д-р Натко Ковачевиќ и Денис Башнец, момчето кое го снимаше протестот со неговиот мобилен телефон! Во времето на пишување на овој текст се приведени најмалку 6 лица.

За конкретното обвинение засега не се знае многу. Според официјалниот полициски исказ, се работи за “јавно поттикнување на тероризам”. Режимските медиуми наведуваат дека Марко Францишковиќ ги повел луѓето во “напад” на ХРТ што е потполна невистина, затоа што на собирот тој јасно кажа дека таму оди сам и не повика никој да му се придружи. Освен тоа, секако дека собирањето, односно групирањето на народот во една демократија не претставува никакво злосторство, а не пак тероризам.

Да споменеме дека ова не е првпат Марко Францишковиќ да биде уапсен. Тој, под лажни обвиненија е веќе апсен, па дури и присилно хоспитализиран во психијатриска установа. Неговата дијагноза подоцна е оспорена од конзилиум на доктори, кој утврдил дека тој е всушност потполно здрав. За тој случај е снимен и документарен филм! Никој, никој тогаш не одговарал за таа неправда, а докторката која го држела здравиот Францишковиќ затворен и денес работи во истата установа. Вакви работи се апсолутно недозволиви во една вистинска демократија.

Оваа приказна ќе ја следиме и понатаму, особено во моментите кога ќе видиме кој следен ќе биде уапсен и со какво обвинение. Но, колку и да апси режимот, овие луѓе претставуваат идеја. Идеја за слободно општество, општество без апартхејд, без ограничување на движењето, без присилни медицински зафати, без цензура. Со еден збор, тие ја претставуваат идејата за слободата – а идеја не можете да уапсите. Како ни слободата.

Конкретно – Што можеме да сториме

Можеме да ги шириме информациите околу она што се случува, да ја шириме вистината, вклучително и вистината за Марко Францишковиќ како борец за слободата, а не лудак каков го прикажуваат режимските медиуми. Можеме да вршиме притисок на режимот со праќање на мејлови и барања да биде пуштен на слобода (зошто да не и ние од Македонија?!). Можеме тоа да го бараме и на протестите кои следат. Можеме и да се собереме пред затворот каде ќе биде држен некој уапсен борец за слободата. Тоа се сѐ легитимни методи на кои имаме право во едно демократско оштество, ако Хрватска (и Македонија) можат да се наречат баш така.

Борбата секако започна и започнете да се подготвувате. Можеби Хрватска сеуште не е на работ на граѓанска војна, но се чини дека тоа е правецот кон кој оди оваа држава. Очигледно е дека сѐ повеќе тонеме во тоталитаризам и сите оние кои ја сакаат слободата, едноставно мораат да почувствуваат повик за борба. Како што еден мудар човек некогаш рекол – кога неправдата станува закон, отпорот станува должност!

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!