АМЕРИКАНЦИТЕ БАРААТ ВРАЌАЊЕ НА ДОНАЛД ТРАМП: ИНФЛАЦИЈАТА ВО САД ГО ДОСТИГНА НАЈВИСОКОТО НИВО ОД 1981 ГОДИНА

АМЕРИКАНЦИТЕ БАРААТ ВРАЌАЊЕ НА ДОНАЛД ТРАМП: ИНФЛАЦИЈАТА ВО САД ГО ДОСТИГНА НАЈВИСОКОТО НИВО ОД 1981 ГОДИНА

Инфлацијата во САД продолжи да се забрзува во мај, забележувајќи годишен раст од 8,6%, кој е највисок од 1981-ва година, според официјалната статистика, цитирана од „CNBC“.

Индексот на потрошувачките цени изненади со својот раст во минатиот месец, надминувајќи ја прогнозата на „Dow Jones“ за раст од 8,3 отсто. Без нестабилните цени на храната и енергијата, бројката се зголеми за 6%, малку над прогнозата од 5,9%.

За овие движења придонесе растот на бензините, киријата и храната.

Енергенсите поскапеа за 3,9 отсто на месечно ниво, а годишниот пораст достигна 34,6 отсто. Во оваа категорија, мазутот поскапе за 16,9% од април, а во однос на една година претходно поскапе за неверојатни 106,7%.

Трошоците за изнајмување, кои сочинуваат околу една третина од индексот, се зголемија за 0,6% на месечно ниво и 5,5% на годишна основа. Храната поскапе за 1,2% во споредба со април, а во однос на мај 2021-ва година за 10,1 отсто.

Податоците покажуваат дека работниците морале да поминат низ нова контракција на приходите. Реалните плати приспособени според инфлацијата паднаа за 0,6% во април, иако просечната плата за час беше за 0,3% повисока. Во однос на истиот период од 2021-ва година, просечната саатница е намалена за 3%.

Статистиката беше долгоочекувана од „Wall Street“ и беше главен двигател на движењето во последните денови. Причината е што податоците будно ги следат Федералните резерви на САД, чиј состанок е закажан за следната недела. Инвеститорите стравуваат дека централната банка може да преземе премногу агресивни чекори за да ја спречи инфлацијата за да предизвика рецесија во американската економија.

Токму овие грижи доведоа до остри падови на американските берзи во петокот, кога „Dow Jones Industrial Average“ избриша 638,11 поени од својата вредност, паѓајќи на 32.272,79 поени. „S&P 500“ падна за 2,38% на 4.017,82 поени, а „Nasdaq Composite“ падна за 2,75%, или 332,04 поени, на 11.754,23.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!