АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТ: БАЈДЕН ЈА НАПРАВИ ОПАСНАТА СИТУАЦИЈА УШТЕ ПООПАСНА

АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТ: БАЈДЕН ЈА НАПРАВИ ОПАСНАТА СИТУАЦИЈА УШТЕ ПООПАСНА

Изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој во вчерашниот говор во Варшава рече дека рускиот претседател Владимир Путин „не може да остане на власт“, ​​предизвика остри критики од страна на ветеранот на американската дипломатија, Ричард Хас.

„Изјавата на Бајден ја направи тешката ситуација уште потешка, а опасната уште поопасна“, напиша Хас на Твитер. Хас е претседател на Советот за надворешни односи на САД.

„Тоа е очигледно. Она што е помалку очигледно е како да се отстрани штетата. Предлагам главните соработници на претседателот да контактираат со нивните колеги во Русија и да им дадат до знаење дека Америка е подготвена да преговара со оваа руска влада“, напиша Хас.

Тој ја коментираше и интервенцијата на Белата куќа, која веднаш по говорот на Бајден во Варшава соопшти дека „претседателот не повикал на промена на режимот во Москва“.

„Реакцијата на Белата куќа на изјавата на претседателот за промена на режимот веројатно нема да помине. Путин ќе го сфати тоа како потврда на сето она во што веруваше сето ова време“ додава Хас.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!