adreian payne

АМЕРИКАНСКИ КОШАРКАР И СОИГРАЧ НА ПЕРО АНТИЌ ПОЧИНА НА 31-ГОДИШНА ВОЗРАСТ

Американскиот кошаркар Адријан Пејн почина на 31-годишна возраст, објави познатиот новинар Емилијано Каркија.

Ова е поранешниот пик од првата рунда на драфтот во 2014 година, кога беше избран од Атланта Хокс. Тогаш беше член на Минесота Тимбервулфс и Орландо Меџик, а потоа ги напушти САД.

Во два наврати беше член на Панатинаикос, еднаш на Асвел, Орманспор, а трагичниот крај на животот го дочека во Литванија во дресот на Јувентус Утена.

Тој е поранешен студент на државата Мичиген.

Американскиот кошаркар Адријан Пејн е убиен во својата татковина.

Според полицијата на Флорида, овој понеделник, во 1:37 часот по локално време, поради пукањето била повикана да интервенира полицијата на округот Оринџ.

„Маж на возраст од 30 години, кој беше застрелан и подоцна идентификуван како Адријан Пејн (роден на 19 февруари 1991 година), беше пренесен во болница, каде што беше констатирана смрт. Стрелецот, идентификуван како Лоренс Дорити, роден на 17 февруари 1993 година, останал на местото на настанот и бил пренесен во станицата каде што бил испрашуван од детективите од Одделот за крвен криминал. „Дорити е уапсен поради основано сомнение дека извршил убиство со умисла и е префрлен во локалниот затвор“, соопшти полицијата.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!