rusija ukraina

АМЕРИКАНСКИ ПОЛКОВНИК – ТРЕБА ДА ДОЗВОЛИМЕ НЕУТРАЛНА УКРАИНА, ГИ ТЕРАМЕ УКРАИНЦИТЕ ДА ЗАГИНАТ ВО БЕСМИСЛЕНА БОРБА ШТО НЕ МОЖАТ ДА ЈА ДОБИЈАТ

Во интервју за Фокс њуз, пензиониран американски полковник близок до Трамп, рече дека борбите во Украина се речиси завршени. Целта на Русите беше неутрална и демилитаризирана држава, а на Русија треба да и се признае дека успеала.

Даглас Мек Грегор е пензиониран армиски полковник на САД, кој требаше да стане американски амбасадор во Германија во случај на победа на Трамп во 2020 година. Во интервју за американската телевизија Фокс њуз, тој изрази став дека едноставно треба да се дозволи неутрална Украина.

Запрашан кои се целите на Владимир Путин, тој рече дека Путин во последните петнаесет години предупредувал дека нема да толерира американски војници или проектили на руските граници. Западот едноставно го игнорираше тоа.

„Исто како што не би ги толерирале нивните војници и проектили на Куба. Го игнориравме Путин и тој дејствуваше. Во никој случај не можеше да дозволи Украина да влезе во НАТО“.

Борбите во источна Украина завршија. „Речиси сите украински војници се веќе опколени. На југоисток има концентрација од околу 30.000 до 40.000 луѓе. Ако не се предадат во следните 24 часа, претпоставувам дека Русите ќе ги ”скршат” на крајот“.

Тоа е причината за преговорите на Владимир Зеленски. „Играта е завршена и тој мора да преговара за да постигне најдобар можен резултат.“

Неговата изјава дека Американците, па дури и самиот американски претседател Бајден, претходно го уверувале Зеленски дека ќе го поддржат во одлуката за воена неутралност на Украина, не е потврдена.

„И мислам дека Владимир Путин ќе го направи тоа за западна Украина, на другиот брег на реката Днепар. Што се однесува до истокот, каде што е сега, сè уште не знам што има на ум. Дали тоа ќе биде друга република и поврзана со Русија, бидејќи тоа е историски руска територија, додека западна Украина не е“.

ТОА Е НЕУТРАЛНОСТ МОДЕЛИРАНА НА АВСТРИЈА ИЛИ ФИНСКА

„Го обвинуваме за работи што не сака да ги прави, на наш вообичаен начин да го демонизираме него и неговата земја. Не треба да се заборави дека Украина е четврта од дното на листата од 158 земји по корупција. Тоа не е либерална демократија, светол пример за кој сите зборуваат“.

Познато е дека Зеленски затвора новинари и опозициски политичари и не ги поддржуваше толку фалените американски „демократски вредности“.

„Треба да останеме настрана од тоа. Американскиот народ мисли дека треба да останеме настрана. Европејците исто така сакаат да останат надвор“, рече Мек Грегор.

Мек Грегор, исто така, остро ја осуди продажбата на оружје како поттик за испраќање на Украинците во бесмислена борба.

„Она што е навистина вознемирувачко е тоа што, иако не сакаме да испраќаме војници, ги повикуваме Украинците да загинат во бесмислена борба што не можат да ја добијат. Создаваме полоша хуманитарна катастрофа од сѐ што сме виделе досега, ако ова не престане“.

ВОЈНАТА Е САМО ИЗГОВОР ЗА ДА СЕ ОДЗЕМА БОГАТСТВОТО НА РУСИТЕ

Во меѓувреме, Вашингтон, Велика Британија и ЕУ ги замрзнаа девизните резерви на Русија, во долари, евра, фунти и јени, се наведува во извештајот на „Фајненшл тајмс“. Тие се заканија дека трајно ќе го запленат имотот и суштински ќе го украдат руското богатство, користејќи ја војната како изговор.

Има повеќе од 300 руски физички лица чиј имот е конфискуван. Прашањето е како е составена оваа листа. Дали овие луѓе беа директно поврзани со претседателот Путин или не? Или беа избрани поради нивните големи средства?

Засега руските златни резерви се поштедени од овие кражби бидејќи се чуваат во Русија, а не во некој од западните центри за трговија со злато како Лондон или Њујорк.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!