globalisti berza

АМЕРИКАНСКИТЕ МИЛИЈАРДЕРИ И ГЛОБАЛИСТИ ИЗГУБИЈА НАД 90 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА БЕРЗАТА

Најбогатите американски милијардери изгубија 93 милијарди долари на берзата во вторникот.

Тоа е една од најголемите дневни загуби досега, бидејќи распродажбата на берзата беше под влијание на повисока инфлација од очекуваната, објави Блумберг денес.

Најголема загуба претрпе Џеф Безос, сопственикот на Amazon, чие богатство е намалено за 9,8 милијарди долари, а по него е Илон Маск, сопственик на шест компании, меѓу кои и производителот на електрични возила Tesla, кој загуби 8,4 милијарди долари. Бил Гејтс, сопственикот на Мајкрософт, загуби 2,8 милијарди долари.

Големите дневни загуби на милијардери ги одразуваат настаните на американската берза, каде што продажбата се зголеми бидејќи инвеститорите очекуваат американската ФЕД уште повеќе да ги зголеми каматните стапки поради повисоката инфлација од очекуваната.

Истата група милијардери изгуби 78 милијарди долари на берзата минатиот месец.

Американските милијардери загубија големи суми пари од почетокот на оваа година поради зголемената инфлација која влијае на берзата.

500-те најбогати луѓе во светот годинава изгубиле 1,2 трилиони долари, врз основа на листата на Блумберг за најбогати луѓе во светот.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!