тајван втора

АПЕЛ ДО СИТЕ РОДИТЕЛИ ДА ГО ПРОЧИТААТ ТЕКСТОВ: ТАЈВАН ГО СТОПИРА ДАВАЊЕТО НА ВТOPA ДOЗA ЗА ТИНЕЈЏЕРИТЕ ПОРАДИ РИЗИК ОД ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЦЕТО!

Сѐ поголемата скепса околу ефикасноста, како и сѐ посилните докази за несакани реакции од вакцините, започнаа да влијаат и на официјалните здравствени власти кои во сѐ поголем број одлучуваат или да ја одложат или дури и целосно да ја откажат вакцинацијата за одредена возрасна група, во случајов тинејџерите.

Тајванските здравствени власти го стопираа давањето на втората доза од вакцината за ковид-19 во производство на Фајзер, за деца на возраст помеѓу 12 и 17 години, наведувајќи загриженост поради повишен ризик од воспаление на срцето.

“Група на експерти во средата донесе одлука за престанок на давањето на вакцини на тинејџерите, до понатамошно нивно испитување,” рече шефот на Централниот команден центар за епидемии (CECC), Чен Ши-Чунг.

Здравствените органи одлучија да го стопираат вакцинирањето со втората доза поради наодите за зголемен ризик од миокардитис (воспаление на срцевиот мускул) и перикардитис (воспаление на надворешната обвивка на срцето).

Советодавниот комитет на министерството за здравство и социјална заштита на Тајван, соопшти дека вакцинацијата на тинејџерите на возраст од 12 до 17 години ќе биде суспендирана на период од две недели. За тоа време, експертите од државните центри за контрола на болести ќе ги истражат 16-те официјално пријавени случаи на миокардитис меѓу тајванските тинејџери кои примиле вакцина.

Исто така, нема да има никаква вакцинација за децата помали од 11 години, додека во потполност не се разгледа било кој потенцијален проблем со давањето на втората доза на адолесцентите, додава Чен, а в предвид ќе бидат земени и меѓународните податоци.

Тој напоменува и дека Хонг Конг и Велика Британија се единствените земји кои не ги вакцинираат децата помеѓу 12 и 17 години со двојни дози.

Американскиот центар за контрола на болести (CDC), пак, забележува пријавени случаи на миокардитис помеѓу примачите на мРНК вакцините, како што е Фајзер, “посебно кај машките адолесценти и младите возрасни лица,” кои се јавувале “најчесто по втората доза”.

Останува да видиме дали ќе биде дадено одобрение за продолжување на вакцинацијата на децата во Тајван или таа ќе биде целосно стопирана.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom