avstrija greenje

АВСТРИЈА: ГРЕЕЊЕТО ПОСКАПЕ ЗА ПОВЕЌЕ ОД 100%

Австрија е во криза, температурата секој ден е пониска, но затоа парното во оваа земја поскапува, се вели дека цената скокнала за повеќе од 100%.

Во таа земја на пелети се греат 667.354 домаќинства, чија цена во однос на лани е зголемена за цели 148 отсто.

Vesnik broj 3-naslovna - Copy3

Гасот со кој се греат околу 911.000 домаќинства поскапе за 113 отсто, додека нафтата за греење со која се уште се греат околу 509.000 домаќинства поскапе за 105 отсто.

Моментално полнењето на просечен резервоар од 3.000 литри чини 4.820 евра, а пред една година цената беше речиси двојно поевтина.

Поскапе и парното греење кое е најраспространето и го користат околу 1,2 милиони домаќинства.
Во просек, бидејќи цените зависат од регион до регион, цените на парното греење скокнале за 62 отсто, а во Виена (Австрија) за дури 93 отсто.

Како резултат на тоа, речиси сите извори на енергија што се користат за греење во текот на зимата драстично поскапеа, а нивната цена претставува голем товар за секое домаќинство.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!