БАРАЊЕ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ПРАВА ОД СТРАНА НА БРАНИТЕЛИТЕ

Да се почитува Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и нивните семејства, бараат од Здружението на воени ветерани „Братство – 2001“ кои денеска во Битола одржаа втор Конгрес. Тие велат дека некои точки од законот не се почитуваат, а досега истиот тој закон претрпел неколку измени и дополнувања.

-На пример, ако отиде во една болница не бараат пари, но затоа во друга му бараат, има некои кои го почитуваат закоот, а некои не. Сакаме да се подобри состојбата за семејствата да има поголема одговорност, и да се води грижа за нив, изјави Ангел Бубевски, претседател на здружението.

Тие велат дека ги снемува правата на воените ветерани.

-Ни даваат услов на секои 2 години да правиме нови лекарски прегледи да ни се покачи инвалиднината, ние бараме просто на секои 6 месеци да се покачува за 5%. Јас сум воен инвалид од 2001, правата наши се симнати на нула со споменикот во липково Дигнаа 20 и кусур метра споменик на тие што ја тероризираа државата, а не на тие што ја бранеа. И тој збор бранители не знам од каде испадна, ние бевме борци, не бранители. Ние не се браневме, вели Слободан Петковски, член на Управен одбор на Здружението.

Бараат да бидат вметнати како воени ветерани оние кои биле учесници, а не се воени инвалиди. А веќе имале поднесено барања кои можат да се спроведат на локално ниво.

-Имаме реакција од општините како ќе знаат кои се бранители. Стрикно е регулирано со законот од 2002 може да се издаде уверенија само на оној кој учествува во конфликтот 2001, уверението го издава министерство за одбрана и полицијата, вели Владо Томевски, потпретседател на Здружението.

Здружението има 4000 членови од цела Македонија и сите се со издадени уверенија. Исто така велат дека ќе се изборат за сите ветарани да земаат боречка пензија. Меѓу барањата се и децата на воените ветерани да не плажаат партицијапција за на факултет, како и градскиот превоз да биде бесплатен.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!