БЕЛЕШКИТЕ НА ЏО БАЈДЕН (ФОТО)

БЕЛЕШКИТЕ НА ЏО БАЈДЕН (ФОТО)

Како не би се изрезилил пак, па цела негова администрација да треба да работи да спречи Трета светска војна, 79-годишниот Бајден на последната прес-конференција од своите советници беше попратен со точен текст што и како треба да каже, по тоа што ја оплеска откако побара „смена на режимот во Русија“, па Белата Куќа мораше да се извинува.

Понесен од улогата на спасител што му ја доделија во Европа, Бајден во Полска порача дека Путин „не може да остане на власт“, за кога по некое време го препрашаа да го повтори истото и да изјави дека „не жали“ за изјавата што ја дал.

Сето ова значително ја крена работната температура на неговите советници и помошници, кои подоцна беа присилени да објаснуваат дека тоа што го кажал Бајден не значи дека американската држава или сојузници заговараат или работат на промена на власта во Русија.

Крајниот чин од ова беше изјавата на Бајден во која американскиот претседател објаснува дека тоа што го кажал не е провоцирање на Русија туку „многу повеќе е аспирација. Дека тој не треба да биде на власт. Луѓе како него не треба да владеат со држави. Факт е дека владеат, но тоа не значи дека јас не можам да го изразам мојот гнев околу тоа.“

„Му зборував на рускиот народ. Во последниот дел од говорот му зборував на рускиот народ, им кажував што мислам,“ порача Бајден.

Еден ден по ова исплива фотографија во која е фатен лист со отпечатени прашања што тој ќе ги добие и реплики што треба да ги каже на говорницата пред новинарите, под наслов „Поенти за прашањата и одговорите за Путин“.

На прашањето околу единственоста на НАТО, Бајден требало да одговори „Не, НАТО никогаш не бил повеќе обединет.“

Што си е сигурно, сигурно… Инаку сликава масовно се брише од страна на главните „мејнстрим“ медиуми, како и од интернет пребарувачите како Гугл. За среќа, и тоа како неуспешно.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!