БЕЖАНИЈА: НА УКРАИНСКА ГРАНИЦА ФАТЕН ГЕНЕРАЛ КОЈ СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ САКАЛ ДА ИЗБЕГА ВО УНГАРИЈА

БЕЖАНИЈА: НА УКРАИНСКА ГРАНИЦА ФАТЕН ГЕНЕРАЛ КОЈ СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ САКАЛ ДА ИЗБЕГА ВО УНГАРИЈА

Пропагандата дека украинската армија ја добива војната со руските сили толку лесно може да биде демантирана пример само еден едноставен пример.

Имено, украинската гранична полиција вчера запрела маж кој се обидел да ја напушти земјата и да побегне во Унгарија. Човекот ѝ предал документ на полицијата според кој е ослободен од обврската за општа мобилизација, пишува германски „Билд“.

Се испоставило дека се работи за генерал на украинската тајна служба СБУ, кој всушност и покажал на полицијата фалсификувани документи и воопшто не бил изземен од мобилизација. Заради бегство, неименуваниот генерал си го лишил чинот генерал и се преправал дека е обичен војник со потврда за воена неспособност.

Генералот бил спречен да ја напушти земјата, соопшти Украинската државна истражна канцеларија во Киев и бил уапсен. Против него е покрената истрага.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека „нема време за работа со предавниците“, мислејќи на бригадните генерали на тајната служба на кои им ги одзеде воените чинови. Тој не откри што направиле за да им го одземат чинот.

Исто така, освен што ги критикуваше генералите, Зеленски ги пофали и другите членови на тајната служба за нивните напори од руската инвазија.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!