bil gates neutral milk

БИЛ ГЕЈТС ПОКРАЈ СÈ ИНВЕСТИРА И ВО МЛЕКО! ПОСЛЕ BAKЦИНА, ЗЕМЈИШТЕ, НУКЛЕАРНА ЕНЕРГИЈА, ”ФИЛАНТРОПОТ” ВЛОЖУВА ПАРИ И ВО ”ЗЕЛЕНО МЛЕКО”

Милијардерот Бил Гејтс одлучил да инвестира и во производство на млеко со кое нема да биде предизвикана голема емисија на штетни гасови.

На картонската амбалажа на портландскиот произведувач на млеко Neutral истакната е порака ” Ова млеко се бори притив климатските промени”.

На веб страницата на оваа компанија наведено е колку јаглероден диоксид се емитува во текот на произведувањето. Нејзината цел е да се емитуваат што е можно помалку штетни гасови.

”Со оглед на тоа што потрошувачите го купуваат ова млеко, директно вложуваме во тоа да фармите имаат технологија која ќе ги намали емисиите”, изјавил директорот на Neutral, Markus Lovel Smit, кој тврди дека ова е првата компанија која е карбонски неутрална во американската прехранбена индустрија.

Од Neutral соопштиле дека средствата за заштита на околината ги осигурале од фондот чиј основач е Гејтс!

Овој произведувач работи со истражувачи така што во целокупното производство и после тоа, би се намалила емисијата на штетни гасови – oд ѓубривата кои се користат за одгледување на сточната храна до отстранувањето на амбалажата после конзумирање на млекото.

Во Neutral планираат да продаваат и други видови на намирници, со што нивното производство ќе емитува мали количини на штетни гасови. Смит кажал дека почнале да произведуваат млеко на овој начин, затоа што во текот на неговото “природно” производство се емитуваат големи количини на јаглероден диоксид, пишува изданието Fast Company.

Најголем дел од земјоделското земјиште во САД е во сопственост на Бил Гејтс. Поседува 269.000 хектари земјиште во 18 држави. На неговото земјиште се одгледува: компир, моркови и лук. Меѓу другите, светскиот ланец на брза храна McDonald’s го користи тој компир за правење на помфрит.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom