bil gates

ЗВУЧИ НЕВЕРОЈАТНО: БИЛ ГЕЈТС ПОТВРДИ ДЕКА BAKЦИHИТЕ НЕ ФУНКЦИОНИРААТ, НО…

Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт и самопрогласен филантроп, преку својата фондација вложил големи средства за борба против различни болести ширум светот. Во овие година дена, вложени се милиони во истражување и развој на вакцината за Ковид 19, но тој не е задоволен од тоа каков е крајниот резултат.

Гејтс во разговорот за Polisy Exchange, за време на посетата на конференцијата СОР26, открил како не е задоволен од вакцините кои во моментов се достапни.

”Немаме вакцина која го блокира пренесувањето. Добивме вакцини кои ќе можат да ви помогнат, но тие само малку го спречуваат ризикот од пренесување на вирусот. Ни требаат нови начини за создавање на вакцини, самото лечење, знаете, некои лекови можат да помогнат, но сепак многу помалку од колку што треба. Не добивме ни подобра дијагностика”, рекол Гејтс.

Тој за опасноста од пандемијата предупредувал последните неколку години.

”Првиот TED Talk го одржав во 2015 година и од тогаш имам напишано бројни статии со наслов ”Не сме спремни за следната пандемија” и нажалост тоа беше подобра прогноза од она што се случува во моментов.

”Од економска штета до бројни смртни случаи, тоа е едноставно страшно”, изјавил Гејтс.

Тој се надева дека за 5 години ќе може да напише книга која би ја насловил ”Спремни сме за следната пандемија”.

Но ќе бидат потребни десетина милијарди за истражување и развој. Веројатно ќе бидат потребни околу милијарда долари годишно за работната група за пандемија при СЗО која го спроведува она што јас го викам ”бацил игри”, каде вежбате што ќе се случи ако биотерорист донесе мали сипаници на 10 аеродроми.

”Како светот ќе реагира на тоа? Знаете, не постои прав извор на епидемија. А биотероризам предизвикува епидемии кои би можеле да бидат уште полоши од она што го доживуваме денес”.

”Сепак, напредокот на медицината би требало да ни пружи алатки кои би требало да бидат многу подобри. Ако сакаме да бидеме подготвени за следната пандемија, потребни ни се работи како што е производство на евтина вакцина, големи фабрики…”, не е премногу оптимист Гејтс.

На прашањето за слабата прифатеност на вакцината во светот и теориите на заговор или дезинформациите кои се шират на социјалните мрежи, Гејтс бил јасен.

”Тоа е несреќна околност. Знаете, во дигиталниот свет отсекогаш постоеле луди теории и теории на заговор. Веројатно се ширеле побрзо и поефикасно поради дигиталниот свет”, рекол Гејтс.

Исто така додал дека владите ширум светот можеби морале да реагираат порано наместо да го напуштат Фејсбук и другите социјални мрежи за самите да се занимаваат со тоа.

”На крај, владите ќе мора да ги тестираат овие теории на заговор и да го забават нивното ширење. Само кукањето на приватниот сектор нема да донесе решенија. Признавам, тоа е проблем”, додал Гејтс.