bil gejts voda

БИЛ ГЕЈТС ПРОМОВИРА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ОД СЕПТИЧКА ЈАМА

Милијардерот Бил Гејтс на својот профил на Linkedin по повод Светскиот ден на тоалетот, во саботата напиша дека еднаш пиел прочистена вода направена од фекална тиња, додека бил гостин на Џими Фалон.

Vesnik-broj-4-naslovna-1-Copy4

Станува збор за пробна вода од компанијата на Гејтс Омнипроцесор, која ја претвора отпадната вода во чиста и вода за пиење.

Направив чудни работи низ годините, пиев вода од септичка јама со Џими Фалон, бев на бина со стаклена цевка полна со човечки измет и го осетив мирисот на тоалет… Овие лудории предизвикаа смеа, но мојата цел отсекогаш била да ги натераме луѓето да се грижат за проблемот кој погодува 3,6 милијарди луѓе, лошите санитарни услови – рече Гејтс и потоа нагласи:

„Благодарение на научниците и инженерите од целиот свет, се доближуваме до нови решенија кои ќе ги спречат болестите.“

Милијардерот Бил Гејтс на светот му е попознат како поборник за вaкцинација и портпарол против климатските промени, во чии проекти вложил големи суми пари.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!