сун

БИЛ ОТПИШАН НА СМРТНА ПОСТЕЛА ДОДЕКА НЕ МУ ДАЛЕ ИBЕPМЕKTИH! УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА УСПЕШНО ЛEЧEЊЕ СО “ЗАБРАНЕТИОТ” ЛEK!

Пациент на болницата Edward во Илиноис, САД, на кој по тужбата му било дозволено да прими терапија со ивeрмeктин, се опорави и е пуштен на домашно лекување!

Sun Ng (71) од Хонг Конг, беше пуштен од болницата на 27 ноември, а неговата ќерка го припиша опоравувањето како резултат на судската одлука да му биде дозволен третман со контроверзниот ивермектин.

Ng бил хоспитализиран со корона вирус на 14 октомври и ставен на респиратор 4 дена подоцна.

Неговата ќерка, Dr. Man Kwan Ng, ја тужеше болницата Edward, по одбивањето на барањето да му се дозволи на нејзиниот татко да прима ивермектин.

На почетокот на ноември, судијата и наложи на болницата да му дозволи на Dr. Alan Bain (невакциниран за корона вирусот), да му дозволи пристап и да дојде на нивното одделение за интензивна нега, обезбедувајќи го третманот за Sun Ng со ивермектин, кој инаку не е болнички одобрен.

Ќерката на Sun Ng, брзо потоа ќе изјави дека опоравувањето на нејзиниот татко е “над сите очекувања”.

Dr. Alan Bain, инаку интернист, препишал доза од 24 милиграми ивермектин во рок од 5 дена (од 8 до 12 ноември). Адвокатите на семејството ќе изјават дека по третманот, Sun Ng е тргнат од респиратор и префрлен од интензивната нега.

“Нашето семејство неизмерно му се заблагодарува на судијата Paul Fullerton. Без него, не би можеле да го донесеме нашиот татко повторно дома и не би можеле повторно да ја видиме неговата насмевка заедно со нас. Исто така, срдечно му се заблагодаруваме на Dr. Alan Bain за соработката со нас и за неговиот удел во давањето на терапијата на татко ми,” децидна е ќерката на овој постар пациент.

Сепак, адвокатот кој ја застапуваше болницата, тврди дека состојбата на Sun Ng се подобрувала и пред да му биде даден ивермектин, а “болницата не можела да го потврди составот на лекот, затоа што тој бил донесен онлајн од Индија.”

Според Американската Дирекција за Храна и Лекови (FDA), ивермектинот е забранет за третирање на корона вирусот кај луѓето. Оваа организација ја потенција опасноста од употреба на овој лек.

Сепак, случајот со овој човек покажува нешто сосема спротивно…

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!