ben volas

БРИТАНЦИТE ЕКСПРЕСНО ЈА СВРТЕА „КАСЕТАТА“: НЕМА ДА ВЛЕГУВАМЕ ВО КОНФЛИКТ СО РУСИЈА ПОРАДИ УКРАИНА

Велика Британија нема да влезе во директен конфликт со Русија поради Украина, изјави министерот за одбрана на Велика Британија, Бен Валас.

„Нашиот став беше апсолутно јасен. Не сме влегле и нема да влеземе во директен конфликт ниту со руската армија, ниту со државата Русија. „Јасно зборував за тоа на почетокот на овој конфликт – без разлика дали тоа им се допаѓало на луѓето или не, но Украина не е членка на НАТО и ние нема да ја испратиме нашата војска таму“, изјави Валас за Вашингтон пост.

Тој, исто така, истакна дека е малку веројатно Украина да го користи оружјето што и го доставува Велика Британија за напади врз цели во Русија.

„Што се однесува до британското оружје, пред сè, ние не испорачавме оружје што ќе им даде таква можност, не им испорачавме хеликоптери, авиони или оружје од таков дострел, така што е малку веројатно дека ова оружје може да се користи надвор од Украина. “, рече Валас. Украина има право на самоодбрана според член 51 од Повелбата на ОН и дека нејзините сојузници обезбедуваат помош за таа цел.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!