херсон референдум

Британски извештај за состојбата во Украина: Русија ќе одржи референдум во окупираниот град Херсон?

Британското Министерство за одбрана објави најнови разузнавачки информации за руската инвазија на Украина, кои откриваат нови детали за текот на војната.

Според овие информации, во последните неколку дена се одржани и низа на протести во окупираните градови Херсон, Мелитопол и Берднанск.

Објавените извештаи проценуваат дека Русија би можела да организира „референдум“ во Херсон во обид да го легитимизира и тоа подрачје како „отцепена република“, слично како во Донецк, Луганск и Крим.

И вчера се одржани протести во окупираните градови. Како што пренесува британското Министерство, руските трупи наводно пукале за да ги предупредат мирните демонстранти.

Русија наводно поставила и сопствен градоначалник во Мелитпол по „киднапирањето“ на украинскиот градоначалник на 11 март.

„Русија веројатно и натаму ќе се обидува да ја сруши украинската дипломатија, односно ќе се обиде да ја консолидира политичката воена контрола над Украина“,

пишува британското Министерство.