БРУКА НЕВИДЕНА: ПОЛИЦИЈАТА ЗАСТАНУВА АВТОБУСИ НА ЈСП И ГИ ИСПРАЌА НА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД ВО ПИКОТ НА СООБРАЌАЈНИОТ МЕТЕЖ

БРУКА НЕВИДЕНА: ПОЛИЦИЈАТА ЗАСТАНУВА АВТОБУСИ НА ЈСП И ГИ ИСПРАЌА НА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД ВО ПИКОТ НА СООБРАЌАЈНИОТ МЕТЕЖ

Срам за државата. Накратко само вака може да се опише денешната несекојдневна ситуација во главниот град на државата, пренесува Инфомакс.

Имено Инфомакс дојде до информација дека во центарот на град Скопје се сопрени 10-тици автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје од страна на полицијата.

Не се работи за изолиран случај туку за континуирана пракса откако Скопје ја доби првата жена градоначалник.

Не само што полицијата ги запира автобусите на ЈСП и го ремети возниот ред и обврските на граѓаните во пикот на сообраќајниот шпиц во Скопје, туку автобусите на ЈСП ги испраќа на вонреден технички преглед.

Пресметката на централната власт со градоначалничката Данела Арсовска по сѐ изгледа го допре дното.

Ова се случува само неколку часа откако Арсовска како претседател на ЗЕЛС, апелираше до Владата да им помогне на општините поради енергетската криза бидејќи помалите општини може да останат без електрична енергија како резултат на енормниот пораст на цените на струјата.

Да потсетимте дека ова не е изолиран случај во кој МВР се користи како алатка на власта за пресметка со Арсовска. Целата јавност се сеќава како само една недела по доаѓање на власт на Арсовска во Скопје беа угаснати сите семафори во централното градско подрачје со цел да новата градоначалничка да биде обвинета за сообраќајниот хаос во градот.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!