cetvrta doza na vakcinata

НИКОГАШ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ?! CDC (АМЕРИКАНСКИ ЦЕНТАР ЗА КОНТРОЛА НА БОЛЕСТИ) ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ЧЕТВРТА ДОЗА ОД ВАКЦИНАТА!

CDC ја одобри четвртата доза на вакцината против Ковид 19 за возрасни со компомитиран имунолошки систем. Ова носи уште една доза на загриженост поради слабеење на имунитетот, бидејќи некои фармацевстки компании предлагаат годишни зголемени дози за сите Американци.

Оние кои се ”умерено и тешко имунокомпромитирани” може да примат вкупно четири дози од вакцината против ковид вирусот вклучувајчи ја почетната инокулација со две дози, една додатна доза (трета-booster доза), по што следи уште една доза (четврта-booster+ доза), кажале америчките центри за контрола и превенција од болести (CDC) во ажурираното упатство во вторникот.

Имунокомпромитирани се првите за кои беше добиено ова одобрение за засилувачи на вакцини уште во август, а американските здравствени агенции дополнително ги одобриле додатните дози за лица во други високоризични категории, како што се оние од 65 и повеќе години и возрасни кои ќе бидат изложени на вирусот.

Меѓутоа, за имунокомпромитираните, CDC класифицира трета доза како “додатна доза” (booster), која користи иста количина од вакцината како и предходните две дози, додека четвртата доза која е одобрена во вторникот се дефинира како ”дополна” (booster+). Четвртата доза користи само половина од волуменот од предходните дози.

Изменетите упатства доаѓаат набрзо откако американските здравствени агенции одобриле пристап ”измешај и спои” засилувачи за сите возрасни особи. Овој потег им овозможи на оние кои примиле една доза од вакцината против корона вирусот да изберат некој друг произведувач за втората доза, што би значело дека ако некој кој примил прва доза на вакцината од Модерна, може да избере Фајзер за својата втора, трета или четврта доза.

Дебатата околу дополнителните дози започнала откако се појавиле податоци дека имунитет кој е изложен на вакцини слабее со текот на времето, што укажува на потребата за додатните дози како би се осигурала продолжена заштита. Меѓутоа, со засилувачите кои сега се формално одобрени за се поголеми групи на Американци, точната дефиниција ”потполно вакцинирани” полека оди во магла.

Во септември главниот советник на Белата куќа за Ковид, Фаучи, признал дека додатните дози ”веројатно” ќе бидат потребни за да можат Американците во иднина да се класифицираат како ”потполно вакцинирани”, што минатата недела го повторила и директорката на CDC, Rochelle Walensky, која напоменала ” Ние може ќе треба да ја ажурираме нашата дефиниција ”потполно вакциниран” поради додатните засилувачки дози на вакцината против корона вирусот.

Со имунокомпромитираните возрасни особи сега овластени да примат четврта доза на вакцината против ковид и американските здравствени службеници кои често говорат за потребата за додатните дози, некои компании како од “Big Pharma” сега предвидуваат ”постојана потреба од засилувачи”, а претседателот на Модерна Noubar Afeyan во вторникот изјави: ”можеби ќе треба годишен booster“.

Afeyan, кој неодамна се пробил на престижната Форбсова листа 400 со голем профит од пандемијата КОВИД-19. Не е првиот извршен директор на Big Pharma кој предложил бескрајна серија на засилувачи, при што извршниот директор на Фајзер, Albert Bourla покренал идеја за ”годишна ревакцинација” уште во април.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom