чешка три години затвор за поддршка на русија

ЧЕШКА ОФИЦИЈАЛНО СИ ВОВЕДЕ ФAШИЗAM: КОЈ ЈАВНО ЈА ПОДДРЖУВА РУСКАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО УКРАИНА МОЖЕ ДА БИДЕ ОСУДЕН НА 3 ГОДИНИ ЗАТВОР!

Ако мислевте дека фашизмот исчезна во далечната 1945… Не можете посилно да се излажете…

Западна Европа деновиве ги оживува сите заспани духови на своето тоталитарно нацистичко минато, врши тотална дискриминација на сѐ што е руско, односно на целиот руски народ, потполно ја укинува слободата на говорот (што веќе беше речиси потполно укината во изминативе 2 години и постоечката ковид-агенда), а по најново, СЕ УКИНУВА И СЛОБОДАТА НА МИСЛЕЊЕ, па така едноставно ВИ СЕ ЗАБРАНУВА да кажете добар збор за Русија и Владимир Путин.

Добро прочитавте.

Лицата кои јавно ја поддржуваат Русија во конфликтот во Украина би можеле да бидат осудени на три години затвор, тврдат чешките власти, пишува Еурактив.

Чешкиот јавен обивнител, Игор Стриж, во официјално соопштение нагласи дека според чешкиот закон, поддршката за злосторства против човештвото или геноцид се казнува со затвор до три години.

Сепак, признава тој, правната оценка на ваквите дела е многу комплицирана.

„Секој има право да ги изрази своите ставови на начин на кој тој или таа смета дека е соодветен. Но, дури и слободата на изразување има свои граници во демократска држава во која владее правото,“ предупреди Стриж.

Чешките полицајци веќе ги следат потенцијалните прекршувања на јавните собири и на социјалните мрежи.

„Регистрираме десетици поплаки за коментари во интернет дискусиите со кои се одобрува руската инвазија и активностите на руската армија“ – потврди чешката полиција.

Според чешките медиуми, полицијата веќе покренала истрага против Зденек Ондрачек, поранешен пратеник во чешкиот парламент од Чешката комунистичка партија.

Ондрачек јавно се восхитуваше на односот на рускиот претседател Владимир Путин кон Украина.

„Му се восхитувам на Путин поради неговото трпение со украинската фашистичка толпа… Само свињите можат навистина да пукаат во училишта, градинки, болници и други чисто цивилни објекти“ – напиша поранешниот пратеник на својот Фејсбук на 18 февруари, само една недела пред рускиот напад на Украина.

Како одговор на медиумските извештаи за истрагата, Ондрачек ја избриша објавата и ја смени својата сметка од јавна во приватна. Сега само избрани луѓе можат да ја видат неговата активност на Фејсбук.

Ловот на вештерки“ официјално започна и не знаеме до каде ќе оди…

…Сепак, знаеме до каде ќе одиме ние, а тоа е сѐ до конечната победа на правдата и вистината и финалниот пад на лажните нео-либерални демократии и фашизоидни режими!

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!