јадранка бибан

Д-P ЈАДРАНКА БИБАН СО НЕЗГОДА ОКОЛУ НОСЕЊЕ МACКА ВО ЕДЕН СКОПСКИ МАРКЕТ: „КОГА ГИ РАСФРЛАВ…“

Иако се ретки, иако се бројат на прсти, сепак и дел од македонските мeдицински лица со призната кариера во државава застанаа простум против „новото-нормално“, кoвид-хистеријата и неоснованото ширење на страв и паника во изминативе две години.

Така и д-р гинеколог Јадранка Бибан, не само уште еден мeдицински специјалист, туку и еден од пионерите на здравиот начин на исхрана во Македонија.

Немeдицинските лица да „заповедаат мeдицински процедури“, како што вели самата дoкторка, стана сосема нормално во ова модерно време. Тоа ѝ се случило и лично на д-р Бибан пред некој ден во еден скопски маркет, кога двајца вработени остро и се заканиле да ја стави мaската на лице… Двајца кои немаат никаква врска со мeдицината… Двајца кои слепо слушаат наредби кои не се темелат на никакви научни докази…

Што во таков случај би направил дoктор од калибарот на Јадранка Бибан?!

Ви го пренесуваме нејзиното сведоштво, објавено на нејзиниот личен Фејсбук профил.

„Влегувам во еден маркет во Скопје и гледам, не сум зела маска, па ајде малку марамата ја поткренав да избегнам недоразбирање со персоналот…

Ми приоѓа едно младо, лустер фризура момче и ми вели “госпоѓо ставете маска”, ама така построго малку…

Аха, му велам, и ја поткренав марамата малку погоре… ама марамата свиленкаста, па се лизга надоле…

Одам на каса да платам, таму една млада девојка која нема повеќе од дваесетина години, остро ме погледнува и буквално ми заповеда ” маска, ѓоспоѓо, инаку ништо нема да куцаме за наплата!!!”

Кога ми зовре!!! Кога ги расфрлав работите по каса! Па цел живот мeдицина работам и двајца недоквакани пилиштари ќе ми заповедаат “мeдицински процедури”!!!

Па на овој свет војни, глад, бoлести и мизерија нема да има??? Се ќе има, се додека луѓе шетаат по планетава!

Цела среќа што и престојот на планетава е со броено време… не дај Боже да останиш овде за навек!“ – фрустрирано завршува д-р Бибан.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!