Д-Р ПАНОВСКИ: „ДА МОЖАМ ДА БИРАМ МЕЃУ KOBИД И АНГИНА, ЈАС БИ ОДБРАЛ KOBИД! НЕ СИ ФРЛАЈТЕ ПАРИ ПО ТЕСТОВИ!“

Д-Р ПАНОВСКИ: „ДА МОЖАМ ДА БИРАМ МЕЃУ KOBИД И АНГИНА, ЈАС БИ ОДБРАЛ KOBИД! НЕ СИ ФРЛАЈТЕ ПАРИ ПО ТЕСТОВИ!“

Изминатиот месец, во нашата земја беше забележителен нов бран од подваријантите на кoвид 19, а во последните две недели, бројот на позитивни од тестираните надмина 40 проценти.

Сепак, болниците се полупразни, а епидемиолозите  велат дека како што и порано предвидувале, силата на вирусот е опадната и тој се движи кон сезонска настинка од типот на сезонскиот грип.

Комисијата за заразни болести не препорача дополнителни Кoвид мерки туку апелираа повозрасните и хронично болните да избегнуваат гужви, да носат маски во затворени простории и да се вaкцинираат.

„Бројот на заразени со Кoвид е десетина пати поголем од официјалната статистика, а процентот на позитивни е многу висок околу 50 проценти зошто граѓаните веќе не се тестираат за патување,“ смета професорот Никола Пановски во изјава за СИТЕЛ.

Според него многу од младите не ни знаат дека биле заразени, поминале без симптоми или многу лесно. Тој е категоричен дека не треба да се враќаат дел од задолжителните мерки кои би предизвикале отпор кај луѓето зошто нема потреба од одложување на овој бран кој поминува, а болници се речиси празни.

„Не мора задолжително, ќе имаше отпор меѓу луѓето, како препорака е во ред и гледам дека некои носат маски. Точно е дека бранот нема да расте, за некој ден ќе почнат да се намалува бројот и воопшто мерките при вакви респираторни инфекции се прават да се заштитат болниците.

Точно е дека не ги заштитивме матичните, малку потешко поминаа овој месец, меѓутоа болниците се се уште празни. Нема зошто да се одложува, што ако го одложиме за 2 недели, сите мора да го поминеме на некој начин, освен постарите, поризичните кои успеваат да се скријат.

Што ќе добиеме ако го одложиме па во септември да продолжи пак бранот. Вака е подобро,“ изјави за сител професорот по микробиологија Никола Пановски.

Професорот Пановски смета дека нема потреба граѓаните сами да се тестираат и да се изложуваат на трошоци, туку ако почувствуваат симптоми да се изолираат неколку дена.

„Во однос на тестовите јас воопшто не би тестирал, освен епидемиолозите и ние микробиолозите да имаме некоја слика каква е состојбата со инфекцијата.

Пациентите, народот никаков ефект нема од тестирањето освен финансиска загуба. Дали е Кoвид или параинфлуенца, респираторен или ентеровирус за нив ништо не значи и за едното и за другото треба да се изолираат.

Точно е дека некои се тестираат да добијат боледување, меѓутоа и за други болести треба да се добие боледување и никаква разлика нема дали бил Кoвид или не бил.

Дури да можам да бирам меѓу Кoвид и ангина, јас би избрал Кoвид или стрептококна ангина кое е потешко заболување за младите.

Така да мислам дека тестирањето и не значи ништо,“ смета професорот Никола Пановски, во изјава за ТВ Сител.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!