Д-Р ПАНОВСКИ: „МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ НЕ ЗАСЛУЖУВААТ ВНИМАНИЕ, НИКОЈ ВО ЕВРОПА СÈ УШТЕ НЕ УМРЕЛ ОД ОВАА БОЛЕСТ“ (ВИДЕО)

Д-Р ПАНОВСКИ: „МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ НЕ ЗАСЛУЖУВААТ ВНИМАНИЕ, НИКОЈ ВО ЕВРОПА СÈ УШТЕ НЕ УМРЕЛ ОД ОВАА БОЛЕСТ“ (ВИДЕО)

Oткако повеќе не можат да шират страв и паника, односно хистерија поврзана со кoвид пaндемијата, деновиве главните медиуми почнаа да шират паника и разни информации за „опасноста од мајмунски сипаници кои се претставуваат како опасни по живот и лесно преносливи“.

– Од социолошки аспект мислам дека треба да се пополни просторот што медиумите го имаа со кoвид, тие се навикнаа на тоа. Инаку мајмунските сипаници не заслужуваат никакво внимание, освен научно-истражувачко и епидемиолошко значење. Мајмунските сипаници се покс сипаници. Тоа се кога излегува меурче. Ова со децении трае. Стручен назив е вариола вера, но Англичаните го викаат смол покс. Нашите новинари, а понекогаш и стручните лица го преведуваат како мали сипаници. Кај нас малите сипаници најчесто ги викаме морбили, додека смол покс и ние и Србите, Хрватите, Русите ги викаме големи сипаници, појаснува во Утрински брифинг микробиологот, проф. д-р Никола Пановски за фамата која се крева околу мајмунските сипаници.

Низ годините имало појава на спорадични случаи на мајмунски сипаници, но вaкцините од мали сипаници, пружаат голема заштита од оваа болест.

– Пред некој ден слушав дека CЗО вели ако сте вакцинирани од мали сипаници, 85% ќе бидете заштитени од мајмунски сипаници. Кога би било тоа вистина, би било одлично, бидејќи од мајмунски сипаници се сите вaкцинирани, додека од вариола вера кои се големи сипаници, вaкцинирани се оние кои се постари од 51 година. Значи Југословените два пати, а останатите во светот еднаш. Сите останати не се вaкцинирани. Манки покс за првпат е изолиран во 1958 во Копенхаген. Слична покс сипаница е варичелата, што ние ја викаме овчи сипаници, а врска нема со овци. Во иста фамилија спаѓаат вариола вера, мајмунски сипаници и вaкциниа. Вaкциниа е болест на кравите од која се разболуваат луѓето. Фамата се крена бидејќи во последниот месец се појавија стотина случаи. Но за разлика од вариола вера, мајмунските сипаници не предизвикуваат смрт, рече д-р Пановски и објасни дека меурчињата се опасни само ако се инфицираат од бактерии.

Тој објаснува дека во медиумите се објавуваат страшни слики од екстремни случаи кои предизвикуваат страв кај населението.

Д-р Пановски во гостувањето во Утрински брифинг се осврна и на кoвид пaндемијата.

– Не би требало да има нов бран. Варијантите кои се појавуваат на омикрoн се со поблаги симптоми. Населението и со вaкцините и со прележување стекна имунитет. На есен и да има нов бран нема да има 50 туку 200 случаи и тие ќе бидат полесни. Нема да има ниту потреба од тестирање. Тоа се случи со војната во Украина. Илјадници Украинци излегоа од земјата, никој не ги тестираше, Полјаците кои ги прифатија не пријавија зараза, дециден е д-р Пановски.

Погледнете ја неговата целосна изјава на следното видео:

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!