никола пановски

Д-Р ПАНОВСКИ НЕОЧЕКУВАНО РАСПАЛИ ПО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ: “СЕРТИФИКАТИТЕ ПРЕТСТАВУВААТ ЕДНА ТОРТУРА ВРЗ НАСЕЛЕНИЕТО! ОВА СЕ АУСВАЈС BAKЦИHИ!” (ВИДЕО)

Некогаш дури и некои пропагатори на вакцинацијата можат да изненадат со нивната искреност и искажувањето на својот личен став што е различен од официјалниот наратив на СЗО и министерствата за здравство.

Денес и д-р Никола Пановски, во емисијата 25 Минути на телевизијата 24 Вести, беше особено жесток кон омилената мерка на Филипче и македонската влада, ковид сертификатот:

“Сертификатите треба да го претставуваат имунитетот. Кај нас сертификатите, а и во светот за жал, НЕ го претставуваат имунитетот, претставуваат една ТОРТУРА врз населението!

Значи, имам безброј примери каде што можам да ви докажам научно дека луѓе со сертификат СЕ ПОМАЛКУ заштитени, отколку луѓе без сертификат!

Значи, имаме прележани со висока концентрација на антитела, имаме прележани кои примиле една доза на вакцина – сите тие немаат сертификат кај нас, или им важи само мизерни 45 дена. Значи, прво на тие треба да им се признае сертификат и тогаш нема да се “СИЛУВААТ” здравствените работници кои можеби секој ден се во контакт со вирусот, имаат количина на антитела, знаат дека без потреба давање на вакцина може да им направи ШТЕТА! Да го ТЕРААТ некого да се вакцинира НЕ за да стане имун, туку за да добие сертификат!

Јас тие (вакцини) во еден напис за еден балкански медиум ги напишав “АУСВАЈС ВАКЦИНИ”! Аусвајс вакцини се тие што се даваат без никаква потреба, на веќе заштитени луѓе кои имаат имунитет кој може да се докаже со антитела и тоа би требало да биде, ако веќе се прават сертификати, главен сертификат – дека човекот е заштитен со тоа што ќе има антитела.

Инаку, да му на некој вакциниран со Фајзер 2 дози за да оди во странство, а таму не признавале Фајзер заради фалсификати, па уште 2 дози Фајзер – тоа е навистина ОПАСНО ПО ЗДРАВЈЕТО!”

“… Јас сум сепак за… НЕ сум за притисок, туку за кажување на научни докази од луѓево во кои народот има верба, мислам дека сеуште има такви.”

Дел од обраќањето на д-р Пановски можете да го проследите на 5:07 минута од следното видео:

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom