djokovic australia open

ТАТКОТО НА ЃОКОВИЌ ОТКРИВА: НОВАК ВЕРОЈАТНО НЕМА ДА ИГРА НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН ”НИЕ ГО ИЗМИСЛИВМЕ СВЕТОТ НА СЛОБОДАТА”

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ, зборувал за тоа дека неговиот син потенцијално ќе го пропушти Австралија Опен: ”Под овие уцени и услови, веројатно нема да игра во Австралија. Јас тоа не би го направил. А тој е мој син, па вие заклучете сами”, изјавил Срѓан.

Ѓоковиќ сеуште нема донесено одлука дали ќе се појави на првиот Грен слем следната сезона, поради тоа што неодамна беше официјализирана одлуката за задолжителна вакцинација.

Најдобриот српски спортист во неколку наврати истакна дека нема да го открие статусот на имунизација против корона вирусот, па неговото учество во Мелбурн е доведено во прашање.

„Што се однесува до вакцинитаните и невакциниранит, лично право на секој од нас е дали ќе бидеме вакцинирани или не. Никој нема право да влезе во таа интимност, која е загарантирана со устав. Секој има право да одлучува за своето здравје. Дали е вакциниран е негово ексклузивно право. Дали ќе го објави, мислам дека нема. Ни јас не ја знам таа одлука, а да знам, не би ја споделал со вас. Тој има право да одлучува како сака“, изјавил Срѓан Ѓоковиќ во утринската програма на ТВ Прва.

Новак во Мелбурн триумфираше рекордни девет пати, а следната година би можел да ја брка рекордната 21 Грен слем титула.

Срѓан Ѓоковиќ истакнува дека условите на следниот “Ози” опен може да се сметаат – како уцена.

„Беше срамно поради објавата на оние владејачки авторитети во провинциите во Австралија, кои си дадоа за право да го повикаат деветкратниот шампион на Австралија. Дали ќе се појави таму зависи од тоа како ќе бидат позиционирани. Тој би го посакал тоа од срце, бидејќи е спортист, а и ние би го сакале тоа. Под овие уцени и услови веројатно нема. Јас не би го направил тоа. А тој е мој син, па сами одлучете“, посочува Срѓан.

Тој му се обратил и на Крег Тејли, првиот човек на Тениската асоцијација на Австралија и на Австралија опен.

„Што е призната вакцина, господине Крег? Не е призната руската? Според нашите критериуми се признаваат само кинеските и руските. Слободарскиот свет има 90% од светското население. За нас тоа е и руската и кинеската. Признајте ги и нив и вашата вакцина, со задоволство. Мислам дека тоа не е во ред, бидејќи не ги признавате руските и кинеските“.

Сè уште не е целосно јасно дали на невакцинираните ќе им биде дозволено да учествуваат доколку поминат во строг двонеделен карантин.

„Карантин е можен, но тој треба да биде во хотелската соба 14 дена и да не излегува ни во лобито на хотелот. Па супер го смислиле тоа, нека играат тогаш тие на турнирот“, јасен бил Ѓоковиќ.

Таткото на веројатно најдобриот тенисер на сите времиња одбива поделба.

„И ние го измисливме овој свет, кој не е само слободарски свет. Треба да се прифати тој факт и да не се прифаќа оваа или онаа вакцина е смешно, да не кажувам друг збор. Никогаш нема да ги делиме вакцините или народите од каде и да доаѓаат. Ние сме дел од светот и вакцините се дел од светот од каде и да доаѓаат. Сите тие направија вакцини за да му помогнат на овој свет, но кој не прифаќа да се вакцинира, тоа е негово лично право“, повтори Срѓан Ѓоковиќ.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!