ДАЛИ ВЛЕГОВМЕ ВО НОВИОТ „СРЕДЕН“ ВЕК?

ДАЛИ ВЛЕГОВМЕ ВО НОВИОТ „СРЕДЕН“ ВЕК?

Автор МН Гордон, преку EconomicPrism.com

Економијата на САД веќе е во рецесија. Само податоците за Бруто Домашниот Производ (БДП) покажуваат дека економијата е намалена и во првиот и во вториот квартал од 2022 година. Техничката дефиниција за рецесија долго време се сфаќаше како два последователни квартали на опаѓање на БДП. Значи, по дефиниција, економијата е во рецесија. Сите го знаат ова, освен претседателот Бајден.

Рецесиите можеби не се лесно прифатливи, општествено и политички. Но, тие се неопходни. Всушност, сегашната рецесија е токму она што е потребно за да се исчисти нередот со инфлацијата на потрошувачките цени што го направија од партијата на Бајден. Има последици од масовното печатење пари. И тие мора да се решат на еден или друг начин. Основниот факт е дека денешното фијаско со инфлацијата на потрошувачките цени е директен резултат на потрошувачката политика на Вашингтон. Хистеријата со коронавирусот даде совршен изговор да се уфрлат пари од печатарската машина директно во економијата. Федералната Банка, од своја страна, само ги испочитува желбите на Конгресот. Создаде кредит од никаде и го позајми на Министерството за Финансии, во форма на купување на државни записи. Потоа Министерството за Финансии ги услиши желбите на Конгресот. Ги користеше парите што беа позајмени од Федералната Банка за да се финансираат стимулирачки чекови, и дарежливи федерални плаќања помош за се поголемиот број присилно невработени – не по нивна вина и избор. Сето ова беше за да се исполнат законодавните барања на демократите во Конгресот.

Уништување на вредноста на парите

Никогаш не е добро време да се уфрлат пари од печатарската машина во економијата. Но, годините 2020-21 беа особено лоши. Тоа е затоа што владите ширум светот ги затворија своите економии без никаква добра причина. Соединетите Американски Држави, Европа и речиси секоја влада ширум светот ги следеа идеите на комунистичка Кина. Кривата на заразени со коронавирус не беше израмнета. Но, економијата беше – срамнета со земја. Тогаш политичарите ја презедоа лошата ситуација и ја влошија значително со уфрлање пари насекаде од печатење. Можеби мислеа дека помагаат. Можеби веруваа дека Модерната монетарна теорија (ММТ) ќе ги оствари сите нивни социјалистички влажни соништа. Без разлика, нивните постапки беа многу деструктивни. И сега сите ние мора да живееме во распаднатиот свет што тие го создадоа. Критичната поента е дека создавањето на поголеми количества пари од страна на централните планери не го зголемува магично количеството на стоки и услуги. Додавањето на новосоздадените пари не е никогаш проследено со соодветно зголемување на производството. Наместо тоа, новосоздадените пари сосема нормално ги зголемуваат барањата на луѓето за стоки и услуги. Всушност, се разредува секоја поединечна монетарна единица, што потоа се манифестира во економијата како растечки цени. Генезата на инфлацијата на потрошувачките цени може да се најде во инфлацијата на паричната маса. Инфлацијата на понудата на пари е директен резултат на одлуките и акциите на централните планери. На прво место е инфлацијата на паричната маса. Потоа следат потрошувачките цени, особено кога парите од печатарската преса се вбризгуваат во економијата преку владините подароци.

(Како што рековме еднаш овде на Коловрт, државите немаат свои пари. Или земаат од вас преку даноци, или се задолжуваат (па тоа го плаќаат на рати вашите деца), или печатат пари и предизвикуваат (хипер-)инфлација.)

Пореметени синџири за снабдување

Заклучувањата наложени од владите во 2020-21 година успеаја да ги нарушат синџирите на снабдување. Многу алки во синџирот беа скршени. Некои синџири на снабдување кои беа постепено поврзувани и градени во последните 30 години беа прекинати засекогаш. Нема враќање на начинот на кој работите беа пред март 2020 година.  Сепак, покрај последиците од заклучувањата наметнати од владата и масовното уфрлање пари, светот продолжува да се менува на важни начини. Геополитичките промени од почетокот на руско-украинската војна се значајни. Санкциите наметнати на Русија ја доведоа Европа во позиција каде што повеќе не може да троши евтин и изобилен руски природен гас. Ова е пример за синџир на снабдување кој е прекинат засекогаш. Никогаш нема да се поправи. Импликациите од оваа нова реалност штотуку почнуваат да се наѕираат додека зимата полека се појавува во далечината. Германија е особено ранлива на прекини во рускиот гас. Пред почетокот на војната, повеќе од половина од гасот доаѓаше од руски увоз. Сега Германија мора брзо да се справува со непредвидени ситуации. Една опција е да се рестартираат термоелектраните на јаглен кои веќе беа затворени како дел од владиниот план за постепено укинување на јагленот до 2030 година.  Но, и јагленот е во криза со снабдувањето. Во Полска, на пример, автомобили се редат во рудникот за јаглен Лубелски Вегиел Богданка. Луѓето чекаат дење и ноќе за да соберат доволно гориво за греење пред да дојде зимата. Побарувачката за јаглен ја принуди Богданка и другите рудници да ја рационализираат продажбата. Што се случува овде? Како се заеба толку? Дали влеговме во нови темни времиња?

Дали влеговме во новиот мрачен век?

Доколку не се случи чудо, оваа зима ќе биде апсолутна катастрофа за Европа. Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна ја разјасни ситуацијата, зборувајќи пред неговиот кабинет.

„Она што во моментов го живееме е еден вид голема пресвртница или голем пресврт… го живееме крајот на она што можеше да изгледа како ера на изобилство… крајот на изобилството на производи на технологии кои изгледаа дека ќе бидат секогаш достапни… крајот на изобилството на материјали, вклучително и вода“.

Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес, исто така, предупреди за она што следува, велејќи: „Ние [Европејците] ќе имаме зима со големи страдања“. И Макрон и Роблес не го спомнуваат изворот на големиот пресврт и зимата на страдање. Дека елитистичките политики од САД и Европа ги ставија сите во таква ситуација.

Во реалноста, постои изобилство на ресурси, а и талент и способност ефикасно да се достават тие ресурси на пазарот. Но, владините заклучувања, политиките за климатски промени и бесмислените санкции стојат на патот. Еден пример за апсурдноста на сето тоа неодамна беше идентификуван и детално објаснет како Европа плаќа надуени цени за рускиот течен природен гас што се пере преку Кина. Некако „валканиот“ плин од Русија магично станува „чист“ кога е посредуван од Кина. Во САД, овие мега нарушувања се помалку изразени, барем засега. Сепак, САД не се изземени. Не со сегашниот кадар на елитисти и глобалисти кои прават се што можат за да ја спречат продуктивноста, а потоа својата налудничава политика ја покриваат со пари од печатење преку закони со погрешни имиња, како Законот за намалување на инфлацијата. Како што беше наведено погоре, САД веќе се во рецесија. Така, како што пазарот на хартии од вредност се лизга надоле во есен, а економијата се смалува, високите потрошувачки цени ќе продолжат. Мораат. Тоа го одезбедуваат елитистичките политики. Сепак, постои еден излез. Но, тоа нема да биде многу пријатно. Како што Федералната Банка го вади „тепихот“ од евтини пари од под економијата, преку процесот на квантитативно затегнување, оваа рецесија може да се претвори во децениска депресија.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!