ДЕЈВИД СТОКМАН ЗА ТОА ЗОШТО „ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ“ НЕ ГИ ПРЕДИЗВИКА ДЕНЕШНИТЕ ЕКОНОМСКИ КАТАСТРОФИ - ВЛАДИТЕ ГО НАПРАВИЈА ТОА

ДЕЈВИД СТОКМАН ЗА ТОА ЗОШТО „ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ“ НЕ ГИ ПРЕДИЗВИКА ДЕНЕШНИТЕ ЕКОНОМСКИ КАТАСТРОФИ – ВЛАДИТЕ ГО НАПРАВИЈА ТОА

Забелешка на уредникот: Подолу е првиот дел од написот на Дејвид Стокман за „климатската криза“ и зошто владите се вистинската причина за тековните економски проблеми со кои се соочуваме.

Шефицата на Европската централна банка (ЕЦБ) рече дека климатските промени стојат зад зголемената инфлација, наведувајќи дека сушите и гладот ги зголемуваат цените.

„Ако се повеќе и повеќе климатски катастрофи, суши и глад се случуваат низ целиот свет, ќе има реперкусии врз цените, врз премиите за осигурување и врз финансискиот сектор“, рече Лагард. „Треба да го земеме тоа предвид.“

Не, она што всушност треба да го земеме предвид е дека таканаречената климатска криза е потполно перење мозоци, почнувајќи од основите на таканареченото глобално затоплување предизвикано од човекот, или антропогено глобално затоплување.

Сегашната ера е еден од најладните и најмалку јаглеродно-интензивните периоди во последните 600 милиони години.

Поинаку кажано, вистинската наука прави парампарче од елитистичкиот наратив застапуван од Лагард, властите во Европа и Северна Америка, и мејнстрим медиумите. Сепак, сега се користи како изговор за тековните економски катастрофи предизвикани од централните банки и воената држава, и како изговор за нови рунди на авторитарно сузбивање на економската слобода, како на пример неодамнешниот потег на Калифорнија да ги забрани автомобилите со мотори со согорување (бензинци и дизел, вклучително и хибриди) по 2035 година.

Навистина, геолошките и палеонтолошките докази убедливо велат дека денешната просечна глобална температура од околу 15 степени целзиусови и концентрациите на CO2 од 420 ppm не се ништо за што треба да се грижите, па дури и ако тие се искачат на околу 17-18 степени C и 500-600 ppm. до крајот на веков, а со тоа дури и може да му се подобри состојбата на човештвото. На крајот на краиштата, процутите на цивилизацијата во последните 10.000 години рамномерно се случија за време на црвениот дел од графиконот подолу – речните цивилизации, минојската, грчко-римската ера, и индустриските и технолошките револуции од сегашната ера. Во исто време, неколкуте пропаѓања во темни времиња (среден век) се случија кога климата стана постудена (сина област). И тоа е само логично. Кога е потопло и повлажно, сезоните на растење на растенијата се подолги, а приносите, жетвата – се подобри – без оглед на земјоделската технологија и практики во моментот. И тоа е подобро и за здравјето на луѓето и заедницата – повеќето од смртоносните чуми во историјата се случиле во постудени периоди и поднебја, како што е Црната смрт од 1344-1350 година.


Просечна температура на површината на земјата во северната хемисфера, во последните 11 000 години

Сепак, наративот за климатската криза го порекнува ова огромно тело на научни докази со помош на два измамнички механизми, игнорирајќи факти кои ја поништуваат целата приказна за антропогеното глобално затоплување. Прво, ја игнорира целата историја на планетата пред холоценот (последните 10.000 години), иако науката покажува дека повеќе од 50% од времето во последните 600 милиони години глобалните просечни температури биле во опсег од околу 25 степени Целзиусови или 67 % повисоко од сегашните нивоа и многу над сè што е предвидено со најстрашните климатски модели денес. Но, најважно е тоа што на тие температурни врвови, планетарните климатски системи не преминаа во неповратен вртлог на сè поголеми пеколни жештини слични на „судниот ден“ како што денес ни се прикажува. Напротив – затоплувањето секогаш беше проследено со заладување.

Дури и историјата што алармистите ја признаваат е гротескно фалсификувана. Се мисли на таканаречениот „хокеарски стап“ (графикон во форма на буквата Ј) од изминатите 1000 години, кој Ал Гор го популаризира во неговиот пропаганден филм за глобалното затоплување, кој наводно покажува дека температурите биле рамни до 1850 година и сега се зголемуваат на наводно опасни нивоа.

Но, тоа е комплетна лага. Тоа беше лажно произведено од IPCC (Меѓународен панел за климатски промени) за да се цензурира фактот дека температурите во прединдустрискиот свет од средновековниот топол период (1000-1200 од нашата ера) всушност биле повисоки од сегашните!

Второ, лажно се тврди дека глобалното затоплување е еднонасочна улица во која зголемените концентрации на стакленички гасови и особено CO2 предизвикуваат постојано зголемување на топлинската рамнотежа на Земјата. Вистината, сепак, е дека повисоките концентрации на CO2 се последица и нуспроизвод, а не двигател и причина на тековните природно- растечки температури.

Повторно, сега „цензурираната“ историја на нашата планета ја соборува тезата за CO2 како двигател на климатските промени. За време на периодот на креда, помеѓу 145 и 66 милиони години пред нашата ера, еден природен експеримент обезбеди целосно „ослободување“ на оцрнетата и озлогласена молекула на CO2. Имено, за време на тој период, глобалните температури драматично се зголемија од 17 степени Целзиусови на 25 степени Целзиусови – ниво далеку над сето она што досега го проектирале денешните климатски алармисти и хистерици. За жал, CO2 не беше виновникот. Според науката, концентрациите на CO2 во атмосферата всушност паднале во текот на тие 80 милиони години временско пространство, паѓајќи од 2.000 ppm на 900 ppm.

Би помислиле дека овој моќен спротивставен факт ќе им даде причина за пауза на ловците на вештерки во нивната борба против CO2, но тоа би значело да се игнорира она за што всушност навистина се работи во целата приказна за климатски промени. Односно, не се работи за наука, човеково здравје и благосостојба или опстанок на планетата Земја; Станува збор за политика и непрестајна потрага на политичката класа и апаратчиците и рекетарите кои го населуваат Вашингтон и Брисел за уште еден изговор за зголемување на државната власт.


Навистина, наративот за климатски промени е вид на ритуализирана мантра што постојано и повторно ја смислува политичката класа и постојаната номенклатура на модерната држава – професори, тинк-тенкови, „невладини“ (финансирани или од странски влади и нивни воено-безбедносни агенции, или милијардери со сопствена агенда), лобисти, кариеристи, службени лица… Да го парафразираме големиот Рандолф Борн, „измислувањето наводни пропусти на капитализмот – како што е склоноста да се согорува премногу јаглеводороди – е одраз на здравјето на државата“. Навистина, фабрикувањето на лажни проблеми и закани кои наводно може да се решат само со опсежна државна интервенција стана начин на работа на политичката класа која ја узурпира речиси целосната контрола над модерната демократија. Меѓутоа, со тоа, владејачките елити се навикнаа на таков непречен успех што станаа невешти, површни, невнимателни и нечесни. На пример, во моментот кога ќе добиеме обичен летен топлотен бран од типот за кој што зборуваше Кристин Лагард летово, овие природни временски настани се веднаш уфрлени во наративот за глобалното затоплување.

Сепак, нема апсолутно никаква научна основа за сето ова. Всушност, Националната Океанска и Атмосферска Администрација (NOAA) објавува индекс на топлински бранови врз основа на продолжени температурни скокови кои траат повеќе од 4 дена и кои се очекува да се случат еднаш на секои десет години врз основа на историските податоци. Како што е видливо од табелата подолу, единствените вистински скокови на топлотни бранови што ги имавме во последните 125 години беа за време на топлотните бранови во 1930-тите. Фреквенцијата на скокови на мини топлотни бранови од 1960 година всушност не е поголема отколку што беше во периодот 1895-1935 година.

Годишен индекс на топлотни бранови во САД, според Националната Океанска и Атмосферска Администрација (NOAA)

Слично на тоа, сè што е потребно е добар ураган од Втора Категорија и тие ќе тргнат со истата, гореспомената мантра за таканареченото глобално затоплување предизвикано од човекот.

Се разбира, ова целосно ги игнорира сопствените податоци на NOAA како што се сумирани во она што е познато како индекс ACE (акумулирана циклонска енергија). Овој индекс првпат беше развиен од познатиот експерт за урагани и професор на Државниот универзитет во Колорадо, Вилијам Греј. Користи пресметка на максимално одржливи ветрови на тропски циклон на секои шест часа. Последново потоа се множи само по себе за да се добие вредноста на индексот и се акумулира за сите бури за сите региони за да се добие вредност на индексот за секоја година како што е прикажано подолу. Оваа табела ги опфаќа изминатите 170 години, каде што црвената линија е годишната бројка, а сината линија го претставува просечниот просек од седум години. Вашиот уредник особено ја цени стручноста на професор Вилијам Греј. Во минатото, инвестиравме во компанија Property-Cat, која се занимаваше со супер-опасниот бизнис на осигурување од екстремна штета предизвикана од многу лоши урагани и земјотреси. Значи, правилното поставување на цените на осигурувањето, премиите, не беше тривијална работа. Аналитиката, долгорочните бази на податоци и прогнозите за тековната година на професорот Греј, беа од пресудно значење за нашите осигурителни агенти. Или со други зборови, стотици милијарди долари осигурително покритие тогаш и сè уште се пишуваат со ACE како клучен фактор. Сепак, ако го испитате 7-годишниот просек (сина линија) на графиконот, очигледно е дека ACE бил исто толку висок или повисок во 1950-тите и 1960-тите како што е денес, и дека истото важи и за доцните 1930-ти и 1880-1900 периоди.

Горенаведеното е збирен индекс на сите бури и затоа е најсеопфатна мерка што постои. Но, за да нема сомнеж, следните три панели ги разгледуваат податоците за ураганите на индивидуално ниво на број на бури. Розевиот дел го претставува бројот на големи бури од Категорија 3-5, додека црвениот дел го одразува бројот на бури Категорија 1-2, и синиот број на тропски бури што не го достигнале интензитетот на Категорија 1.

Вертикалните линии на графиконот го акумулираат бројот на бури во интервали од 5 години и ја рефлектираат забележаната активност наназад до 1851 година. Причината што ги претставуваме трите панели – за Источни Кариби, Западени Кариби и Бахамите/Туркс и Каикос, соодветно, е тоа што трендовите во овие три под-региони јасно се разминуваат. И тоа е доказот кој го бараме. Ако глобалното затоплување генерира повеќе урагани како што мантрата постојано тврди, зголемувањето би било униформно во сите овие подрегиони, но очигледно не е.

Од 2000 година, на пример,

  • Источните Кариби имаа скромно зголемување и на тропските бури и на високо оценетите категории во однос на поголемиот дел од последните 170 години;
  • За Западните Кариби периодот воопшто не бил невообичаен и, всушност, бил далеку под бројката забележана во периодот 1880-1920 година;
  • Регионот Бахами/Туркс и Каикос од 2000 година е всушност многу послаб отколку во периодот 1930-1960 и 1880-1900 година.

Всушност, вистината е дека активноста на ураганите во Атлантикот е генерирана од атмосферските и температурните услови на океаните во источниот дел на Атлантикот и Северна Африка. Тие сили, пак, се под големо влијание на присуството на Ел Нињо или Ла Ниња во Тихиот Океан. Настаните на Ел Нињо го зголемуваат смолкнувањето на ветерот над Атлантикот, создавајќи понеповолна средина за формирање на урагани и намалување на активноста на тропските бури во базенот на Атлантикот. Спротивно на тоа, Ла Ниња предизвикува зголемување на активноста на ураганите поради намалувањето на смолкнувањето на ветерот. Овие настани во Тихиот Океан, се разбира, никогаш не биле во корелација со ниското ниво на природно глобално затоплување што сега е во тек. Бројот и јачината на атлантските урагани може исто така да подлежат на циклус од 50 до 70 години познат како Атлантска мултидекадна осцилација. Повторно, овие циклуси не се поврзани со трендовите на глобалното затоплување од 1850 година.

Понатаму, научниците ја реконструираа активноста на големите урагани на Атлантикот уште од почетокот на XVIII век (од 1700) и открија пет периоди со во просек од 3-5 големи урагани годишно и кои периоди траат по 40-60 години секој; и шест други периоди во просек од 1,5-2,5 големи урагани годишно и кои траат по 10-20 години секој. Овие периоди се поврзани со децениска осцилација поврзана со сончевото зрачење, кое е одговорно за зголемување/намалување на бројот на големи урагани за 1-2 годишно, и очигледно не е производ на глобалното затоплување предизвикано од човекот. Згора на тоа, како и во сè друго, многу долгорочни записи за активноста на бури, исто така, ја исклучуваат можноста за антропогено глобално затоплување, бидејќи немало такво во поголемиот дел од времето во текот на последните 3.000 години, на пример. Сепак, според прокси-записот за тој период од крајбрежното езеро на Кејп Код, активноста на ураганите значително се зголемила во последните 500-1.000 години – долго пред индустријализацијата и согорувањето на фосилните горива – во споредба со претходните периоди. Накратко, нема причина да се верува дека овие добро разбрани претходни услови и долгорочни трендови биле под влијание на скромното зголемување на просечните глобални температури од завршувањето на малото ледено доба во 1850 година.

(Продолжува…)

На крајот, додека го чекаме Вториот Дел, да ви препорачаме еден линк до многу добар документарен филм на оваа тема, од Британскиот Channel 4.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!