ДИКТАТИТЕ ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ СЕ САМОУНИШТУВАЧКИ - НО И ДЕЛ ОД ПОГОЛЕМА АГЕНДА!

ДИКТАТИТЕ ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ СЕ САМОУНИШТУВАЧКИ – НО И ДЕЛ ОД ПОГОЛЕМА АГЕНДА!

Долги години очекувавме спроведување на далекусежни и трансформативни ограничувања на индустријата и земјоделството во име на иницијативите за „климатски промени“, „Зелена Агенда“ и сл., а сега се чини дека е дојдено време да започне борбата. Првото големо бојно поле е јасно Европа, бидејќи поединечните нации ги следат диктатите на централизираната влада на ЕУ, уништувајќи ги своите сопствени економии додека се во енергетска криза предизвикана од – самите себе. Изгледа како лудост, но тука станува збор поголема агенда.

Денес, бунтот на фармерите се шири низ Европа, бидејќи вистинските производители на храна што ја одржува популацијата во живот се демонизирани затоа што одбиваат да работат под услови кои суштински би ги банкротирале. Европските правила за емисии не се однесуваат само на јаглерод диоксидот, иако тоа е голем фокус. Правилата вклучуваат и други природни гасови, вклучувајќи метан и азот, кои се нус-производ на сите земјоделски операции. Само ограничувањата за азот треба да ги уништат повеќето земјоделски операции во Холандија, која е една од најголемите земјоделски нации во ЕУ. Германија треба да ја следи Холандија со свои правила за емисии во блиска иднина.

Прво, важно е да се праша „зошто сега?“ Има мноштво причини. Прво и основно, климатската агенда на ЕУ тесно се усогласува со климатските протоколи на ООН за 2030 година и бара намалување на емисиите за 55% за помалку од една деценија (и нето нула до 2050 година). Ако мислите дека овие одлуки ги носат поединечни влади, тогаш грешите; планот за 2030 година беше формулиран од глобалистички институции како ООН (Организацијата на Обединети Нации) и Римскиот клуб – земјите-членки едноставно ги следат наредбите. Временската рамка за драстични еколошки правила најверојатно била поставена во 1992 година за време на „Самитот на Земјата“ во Рио де Жанеиро (исто така познат како Агенда 21).

Зошто 2030 година? Тешко е да се каже. Нема научна основа за конкретната временска рамка. Нема докази за поддршка на идејата дека климатските промени ќе имаат забележително влијание врз животната средина до 2030 година. Тие навистина сакаат контрола на јаглеродот и други мерки до 2030 година, и нема да дадат конкретна причина за тоа.

Предвидувањата за доаѓањето на „судниот ден“ поради климатските промени се претставувани од платени научници на естаблишментот и хистерични активисти со децении, а ниту едно од овие предвидувања никогаш не се остварило. На пример, во 1970-тите климатските научници предвидуваа „ново ледено доба“ до 2000 година и ова бесмислено сценарио беше широко распространето од медиумите. Потоа тие тврдеа дека „киселиот дожд“ ќе го уништи животот во слатководните езера во 1980-тите; но тоа никогаш не се случи. После тоа, култот на климата се префрли на наративот за глобалното затоплување, предвидувајќи дека ледените полови на планетата ќе се стопат и зголемувањето на нивото на морињата ќе ги „избрише нациите“ до 2000 година.  Очигледно, тоа никогаш не се случи. Во 2000 година, научниците од Единицата за истражување на климата во Британија изјавија дека снежните врнежи се „минато“ и дека следната генерација нема да знае што е снег. Во 2008 година, научниците на НАСА тврдеа дека Арктикот ќе биде „слободен од мраз“ до 2018 година. Списокот продолжува и продолжува, и би било смешно доколку луѓето што ги направиле сите овие погрешни предвидувања не влијаат повеќе на владините политики, но за жал, сè уште се исто ако не и по-влијателни.

Следниот цитат од Римскиот клуб, група директно поврзана со ООН, треба да илустрира зошто јавноста е постојано бомбардирана со вести за климатска катастрофа во последните неколку децении. Цитатот доаѓа од книгата со наслов „Првата глобална револуција“ објавена во 1992 година.  Во тој документ тие конкретно препорачуваат користење на глобалното затоплување како средство, како алатка:

„Во потрага по заеднички непријател против кого можеме да се обединиме, дојдовме до идејата дека загадувањето, заканата од глобалното затоплување, недостигот на вода, гладот и слично, ќе одговараат на потребите. Во нивната севкупност и нивните интеракции, овие феномени навистина претставуваат заедничка закана со која мора да се соочиме сите заедно. Но, означувајќи ги овие опасности како непријател, паѓаме во замката за која веќе ги предупредивме читателите, имено, погрешно ги мешаме симптомите со причините. Сите овие опасности се предизвикани од човечка интервенција во природните процеси и само преку променети ставови и однесување можат да се надминат. Вистинскиот непријател тогаш е самото човештво“.

Изјавата доаѓа од Поглавје 5 – Вакуум, кое ја опфаќа нивната позиција за потребата од глобална влада. Цитатот е јасен; мора да се измисли заеднички непријател за да се измами човештвото да се обедини под едно знаме, а елитите ја гледаат еколошката катастрофа, предизвикана од самото човештво, како најдобар можен мотиватор. Освен што, нема еколошка катастрофа, барем не во рамките на наративот што го претставува естаблишментот. Едноставно не постои. Нема докази за поддршка на теоријата за климатските промени предизвикани од човекот. Глобалните температури се зголемија само за 1 степен Целзиусов во изминатиот век, а нема конкретен доказ дека овој единствен степен на температура е предизвикан од човековата активност.

Примарниот аргумент на климатските научници е оној за исклучување: Тие велат дека сите други потенцијални причини (вклучувајќи го и сонцето) се докажани дека не се причина, затоа, причината „мора“ да биде човечката индустрија и емисиите на гасови како јаглерод диоксид, азот и метан. Но, ова е лага. Интересно, зголемувањето на температурите наведени од NOAA и NASA директно се совпаѓа со зголемувањето на сончевата активност во текот на изминатите 100 години, според студијата објавена во 2006 година.  Понатаму, научниците открија дека сончевата активност во 2022 година ги надминува претходните предвидувања. Целокупната сончева активност се зголемува во исто време со затоплувањето на Земјата – замислете го тоа!

Климатолозите продолжуваат да го отфрлаат сонцето како причина бидејќи велат дека нема доволно податоци за да ја поддржат идејата. Се разбира, нема доволно податоци бидејќи сите пари одат за научниците кои ја поддржуваат теоријата за промени предизвикани од човекот; нема финансирање за научниците кои презентираат алтернативни теории.

Со оглед на тоа што официјалните записи за температурата што ги користат климатските научници оди назад само до 1880-тите, не постои начин со сигурност да се знае колку често овие обрасци на затоплување всушност се случуваат и колку пати Земјата се загреала за 1 степен Целзиусов во текот на милениумите. Но, тоа не е важно, бидејќи науката за климата не е за спас на Земјата, туку за создавање изговор за микроменаџирање на секој аспект од човечкото производство, а со тоа и на човечкото општество.

За да се постигнат целите за емисиите до 2030 година, во следните осум години ќе треба да се случат драстични настани што ќе го променат општеството. Самата структура на нашиот сегашен трговски систем и глобалниот синџир на снабдување ќе треба да се скинат на парчиња и да се заменат со премногу ограничен производствен модел. Не само тоа, туку и човечката популација би требало да се намали за милијарди. Овој модел ќе биде вештачки содржан во произволни климатски насоки поставени од неизбрани раководни тела во име на запирање на еколошките промени кои воопшто не се докажани дека се предизвикани од човечки суштества. Она што го постигнува е формирање на авторитарна рамка, која глобалистите ќе речат дека е „еколошки оправдана“.

И за крај, еден линк до многу добар документарен филм на оваа тема, од Британскиот Channel 4.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!