директорот најави крај

ДИРЕКТОРОТ НА ФAJЗEP ГО ПОТВРДИ КРАЈОТ НА KOPOHAТА – ЖИВОТОТ СЕ ВРАЌА ВО НОРМАЛА НА ПРОЛЕТ!

Животот на Земјата ќе се врати во нормала на пролет, според предвидувањата на извршниот директор на Фaјзер, Алберт Бурла.

Пред само неколку дена, Бил Гејтс исто така сподели некои од своите (ревидирани) мисли околу пaндемијата на кoвид 19 и правецот во кој не носи новата oмикрон варијанта. Неколку недели откако предупреди дека зголемената заразност на oмикрон може да доведе до преоптоварување на здрaвствениот систем, основачот на Мајкрософт сега претпоставува дека oмикрон би можел да го забрза крајот на пaндемијата, оставајќи ја човековата популација со повеќе aнтитела против кoрона вируcот. Како резултат на тоа, СAPС-КоB-2 би можел брзо да влезе во својата ендемска фаза, сугерира Гејтс.

Овој став, дека доаѓа крајот на пaндемијата по две години мачење, во последно време станува сѐ попопуларен.

Доволно е само да се прочита статијата на BBC, со наслов: “Ендемски KOBИД: Влегува ли пaндемијата во својата завршница?”

“Речиси пристигнавме, сега е почеток на крајот, барем во Велика Британија,” вели проф. Julian Hiscox, претседавајќи со одделението за инфекции и глобално здравје при Универзитетот во Ливерпул. “Мислам дека животот во 2022 година речиси ќе се врати на времето пред пандемијата.”

А се чини дека и извршниот директор на Фaјзер ја одобрува оваа приказна. Обраќајќи се до француските медиуми, Алберт Бурла изјави дека очекува дека кoвид ќе продолжи да циркулира уште многу години, но следните бранови нема да предизвикаат било какви видови на ограничувања на кои луѓето се навикнаа во последниве две години и животот на пролет ќе се врати во “нормала”.

Бурла за францускиот весник Le Figaro, во интервју објавено на 16 јануари, вели дека очекува “враќање во нормалниот живот”, во некој момент од пролетта годинава. Меѓутоа, и предупреди дека мистериозната динамика на ширењето на кoвид ги отежнува точните предвидувања.

“Наскоро ќе можеме да продолжиме со нормален живот,” рече Алберт Бурла за францускиот весник. “Во добра позиција сме да стигнеме таму на пролет, благодарение на сите алатки кои ни се на располагање: тестовите, ефикасните вaкцини и првите третмани кои можат да се применуваат и во домашни услови.”

Бурла за BFM TV ќе додаде дека очекува да моменталниот бран од oмикрон биде “последен со толку ограничувања”.

Сепак, со оглед на неговите афинитети кон човечкиот домаќин, веројатно ќе биде “многу тешко да се решиме” од кoвид, поради што Бурла смета дека тој ќе стане ендемски вид, односно вид со повремени сезонски избивања, слично на грипот.

На крајот, извшниот директор на Фaјзер ги подели деталите за локалните партнерства за кои рече дека ќе и помогнат на Франција да произведе поголема количина од Фaјзеровиот лек за кoвид 19, Пaкслoвид.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!