кина камп

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО АУШВИЦ 2! КАКО ИЗГЛЕДА ЕДЕН МАСОВЕН KOBИД КАРАНТИН ВО КИНА (СЛИКИ+ВИДЕА)

Одамна веќе докажавме дека кoвид карантините или т.н. логори се реалност и дека воопшто не се работи за теорија на заговор, туку уште една мрачна јавна тајна со која се соочуваат милиони луѓе ширум светот.

Иако бевме сведоци и на слични вести дури и од Германија, која впрочем и ги измисли ваквите (или слични) “кампови” во четириесеттите години од минатиот век, и од Австралија и од Канада, се чини дека Кина е земјата која предничи, далеку пред сите, на овој план.

Како земја која пред речиси две години стана пионер во заклучувањето на луѓето, сега Кина е пионер и во изградбата на т.н. ковид карантини. И не, ова не се вести од научната-фантастика.

Според сѐ што видовме изминатите месеци, се чини дека е ред оваа земја – зачетник на хистеријата и корона-лудилото да ги поседува и најголемите кампови за оние за кои КПК (Комунистичката Партија на Кина) смета дека треба да бидат затворени затоа што претставуваат “опасност по јавното здравје”.

Иако е факт дека Кина, во секој случај, е една од најнедемократските земји во светот и никакви информации оттаму речиси никогаш не испливуваат на површина, сепак покрај државната пропаганда, некогаш до светската јавност може да дојдат и снимки кои, во најмала рака, ќе го згрозат секое здраворазумско човечко битие на планетава.

Имено, на социјалните мрежи се појавија видео записи кои наводно прикажуваат како изгледаат ковид логорите во Кина, и како се третираат луѓето во нив!

Според она што можеме да го забележиме, условите се повеќе од брутални, а поради секојдневните контроли и тестирања на корона вирусот, затворениците, односно како што модерно ги нарекуваат “пациентите”, мораат често да ја ставаат главата во малите отвори од вратите како би им бил земен брис.

На друго видео можеме да видиме како се хранат луѓето во малите логорашки куќички.

Се чини премногу трагично за да биде вистиното, но, за жал, веројатно е.

Историјата, без исклучок, се повторува, но несомнено не смеевме да дозволиме да ни се вратат германските логори или советските гулази, или нешто ним слично. Изгледа дека сепак, нашето општество е далеку поназадно отколку што бевме уверени до пред само дваесеттина месеци…

Едноставно ве замолуваме да ги споделите овие видеа, затоа што еден ден, не така далеку, може да биде премногу доцна да ги одвратиме овие случувања и од пред нашиот праг.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom