ДОДЕКА СЛОВЕНИТЕ СЕ ТЕПААТ, ТИЕ СЕ АКТИВИРААТ: ИСИС НАЈАВИ НАПАДИ ВО ЕВРОПА И СВЕТОТ

ДОДЕКА СЛОВЕНИТЕ СЕ ТЕПААТ, ТИЕ СЕ АКТИВИРААТ: ИСИС НАЈАВИ НАПАДИ ВО ЕВРОПА И СВЕТОТ

Претставниците на ИСИС (ДАЕШ) – терористичка организација, објавија соопштение во кое ги повикуваат членовите на оваа организација да ги интензивираат нападите ширум светот.

Според соопштението, нападите треба да се интензивираат, особено во Европа, каде во моментов фокусот на властите во земјите е на ситуацијата во Украина, пренесуваат медиумите.

Во соопштението на претставникот на организацијата Абу Омар ал Муџахир се посочува дека членовите на ДАЕШ подготвуваат одмазда по смртта на поранешниот лидер на организацијата Абу Ибрахим ал Кураиши.

„Со верба во Бога, најавуваме благословена одмаздничка кампања“, изјави претставник на организацијата.

Исто така, се наведува дека одмаздата пред сѐ значи интензивирање на нападите кои ќе ги изведат членовите на оваа организација.

„Приврзаниците на ДАЕШ треба да ја искористат можноста кога „крстоносците“ се борат меѓусебно во Украина и да извршат напади во Европа“, порача Ал Муџахир.

Претставникот на ДАЕШ се осврна и на актуелната ситуација во Израел и конфликтите меѓу припадниците на израелската војска и полиција и Палестинците.

„Ерусалим може да се ослободи од Евреите само со враќање на калифатот, а не со палестинското востание или со помош на оние кои имаат вредности кои се менуваат во согласност со интересите на нивните западни господари“, рече претставникот на ДАЕШ.

На крајот од своето обраќање тој ги повика сите муслимани во арапскиот свет да се спротивстават на лидерите кои имаат добри односи со Израел или сакаат да се помират со нив.

„Современите муслимански политичари кои се обидуваат да го ослободат Ерусалим не се ништо друго туку марионети во рацете на Израел и Западот“, заклучи претставникот на Исламската држава во соопштението објавено во неделата.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!