ДОКАЗ ДЕКА Е КОНТРА-ПРОДУКТИВЕН: РАСТ НА БРОЈОТ НА KOBИД ИНФЕКЦИИ ВО ШАНГАЈ И ПОКРАЈ ДРАКОНСКИОТ ЛОКДАУН

ДОКАЗ ДЕКА Е КОНТРА-ПРОДУКТИВЕН: РАСТ НА БРОЈОТ НА KOBИД ИНФЕКЦИИ ВО ШАНГАЈ И ПОКРАЈ ДРАКОНСКИОТ ЛОКДАУН

Во пораст е бројот на кoвид инфекции во Шангај и покрај локдаунот од големи размери, соопштија денеска официјални лица од Кина.

Евидентирани се 26.330 нови случаи во текот на вчерашниот ден, се наведува во денешниот извештај. Најголем дел од случаите се асимптоматски.

Шангај е центарот на најголемиот ковид бран во Кина, од почетокот на пандемијата.

И покрај тоа што во понеделникот имаше најава за постепено олеснување на заклучувањата, огромното мнозинство од населението во областа на Шангај, од 26 милиони лица, продолжува да живее со полициски час.

Градската власт го забрани и приватниот сообраќај по улиците. На жителите денеска им е дозволено да ги напуштат своите домови.

Но, најголем дел од продавниците, остануваат затворени.

Германската агенција наведува дека расте и незадоволството во Шангај, затоа што има недоволно залихи на храна, проблеми со медицинска нега, заразени деца одделени од своите родители, како што налагаат правилата за карантин.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!