nato vs rusija

ДОКУМЕНТИТЕ НА ВИКИЛИКС ОТКРИВААТ: АМЕРИКАНЦИТЕ УШТЕ ОД 2008 ГОДИНА ЗНАЕЛЕ ДЕКА ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ВОЈНА (ВИДЕО)

Извештајот на поранешниот американски амбасадор во Москва од 2008 година, објавен од Викиликс, покажува дека САД биле и тоа како свесни за последиците што може да ги предизвика членството на Украина во НАТО.

Извештајот го напиша поранешниот американски амбасадор во Москва Вилијам Барнс на 1 февруари 2008 година, по изразената намера на Украина да бара Акционен план за членство во НАТО. Тој покажува дека американската страна била целосно свесна за сите можни последици, вклучувајќи го и избувнувањето на војна, во случај да не се почитуваат интересите на Русија и нејзиното противење на проширувањето на Алијансата на исток.

По благата прва реакција на намерата на Украина да бара Акционен план за членство во НАТО (МАП) на самитот во Букурешт, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и другите високи претставници го повторија силното противење, нагласувајќи дека Русија ќе гледа на натамошната експанзија кон исток како потенцијална воена закана, се вели во неговиот извештај.

Понатаму се наведува дека Украина може да се подели на два дела, што би довело до насилство, па дури и до граѓанска војна, што би ја принудило Русија да одлучи дали да интервенира.

Брнс јасно наведе дека Лавров на 22 јануари 2008 нагласил дека Русија мора да гледа на продолжувањето на проширувањето на НАТО на исток, особено на Украина и Грузија, како на потенцијална воена закана. Лавров истакна дека одржувањето на руската „сфера на влијание“ во соседството би било анахроно и призна дека САД и Европа имаат „легитимни интереси“ во регионот, но исто така рече дека Украина и Грузија мора да го имаат в предвид влијанието на нивните одлуки врз соседите.

Лавров потоа нагласи дека Русија е убедена дека проширувањето на НАТО не се заснова на безбедносни причини, туку на наследството од Студената војна и дека „растечкиот тренд е новите членки на НАТО да прават и да кажуваат што сакаат, како што е обидот да се ревидира историјата и да се величи фашизмот.“

„Радикалното ново проширување на НАТО може да доведе до сериозни политички и воени промени кои неизбежно ќе влијаат на безбедносните интереси на Русија“, рече тогаш Лавров, нагласувајќи дека Русија е обврзана со Договорот за пријателство со Украина од 1997 година и дека двете страни се обврзале „да се воздржат од учество или поддршка на каква било акција способна да ја загрози безбедноста на другата страна“.

Лавров тогаш рече дека „веројатната интеграција на Украина“ ќе ја принуди Москва да „преземе соодветни мерки“.

Во врска со изјавите на Сергеј Лавров, амбасадорот Барнс во својот извештај напиша дека НАТО аспирациите на Украина и Грузија не само што и штетат на Русија, туку предизвикуваат сериозна загриженост за последиците за стабилноста во регионот.

„Експертите ни велат дека Русија е особено загрижена што силните поделби во Украина поради членството во НАТО, во кои голем дел од етничко-руската заедница се противи на членството, може да доведат до големи поделби, насилство или во најлош случај граѓанска војна. Во тој случај Русија би требало да одлучи дали ќе интервенира, а тоа е одлука со која Русија не сака да се соочи,“ пишува меѓу другото во својот извештај поранешниот американски амбасадор.

ЛИНК од видеото каде можете да ги погледнете доказите на Викиликс!

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!