donald tramp junior

ДОНАЛД ТРАМП ЈУНИОР: МОЖЕМЕ ЛИ ДА ПРЕСТАНЕМЕ ДА ГИ ВООРУЖУВАМЕ УКРАИНЦИТЕ ОТКАКО УКРАИНСКИТЕ ПРОЕКТИЛИ ПАДНАА ВО ПОЛСКА

Синот на Трамп, Доналд Трамп Јуниор, на Твитер прашува дали е време да се престане со испраќање милијарди во Украина откако украинската ракета падна во Полска.

Vesnik-broj-4-naslovna-1-Copy4

„Откако украинска ракета го погоди нашиот НАТО сојузник Полска, можеме ли барем сега да престанеме да трошиме милијарди за нивно вооружување?“, праша Доналд Трамп помладиот.

Доналд Трамп, 45-тиот американски претседател, кој беше на функцијата од 2017 до 2021 година, официјално ја поднесе својата кандидатура за следните претседателски избори во САД во 2024 година.

За 76-годишниот Трамп тоа ќе бидат трети претседателски избори во неговата политичка кариера. Тој ги освои првите и стана претседател, додека во 2020 година загуби од Џо Бајден, актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави.

Кандидатурата на Трамп сигурно ќе ја направи американската политичка сцена уште поинтересна, особено во контекст на војната во Украина и односот на САД со НАТО.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!