ДОПОЛНИТЕЛНО ОЛАБАВУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ВО ГРЦИЈА

ДОПОЛНИТЕЛНО ОЛАБАВУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ВО ГРЦИЈА

Стадионите да функционираат со целосна исполнетост, а учениците и вaкцинираните просветни работници да прават само еден тест седмично, се препораките на надлежната комисија на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, препораки кои грчката Влада ги прифатила, јави дописничката на МИА од Атина.

Новите одлуки се во рамките на постепеното олабавување на мерките во земјата.

„Експертската комисија на Министерството за здравство на денешната седница едногласно препорача намалување на бројот на тестови кои седмично ги прават учениците и вaкцинираните наставници, како и зголемување на капацитетот на стадионите на 100 отсто. Учениците и вaкцинираните наставници ќе прават еден тест неделно. Препораката на Комисијата е прифатена од Владата, а деталите ќе бидат разјаснети во министерската одлука,“ соопштија од Министерството за здравство на Грција.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, претпладнево, како што објави МИА, соопштувајќи дека од 15 април ќе се укине административната месечна казна од 100 евра за невакцинираните граѓани кои се над 60-годишна возраст рече дека на денешниот состанок на комисијата „ќе биде презентиран целокупниот план на Владата за деескалација на мерките и времето на олабавување на мерките што се однесуваат на тестовите, влезот во затворените простори и потребата да се има сертификат“.

„Врз основа на одлуките на Комисијата ќе се донесат и одлуките на Владата,“ истакна Плеврис.

Извор: МИА

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!