грција сертификат

ДОЖИВОТНО БОЦKAЊЕ ЗА ЕДНО КАФЕ! KOBИД CEPTИФИКАТОТ ВО ГРЦИЈА ПОВЕЌЕ НЕ ВАЖИ ЗА ДВОЈНО BAKЦИHИPAHИTE!

До пред само неколку месеци бевме обични “луди теоретичари на заговор”, но по оваа одлука се покажува дека, по којзнае кој пат, повторно бевме во право. За жал, никој нема да ни се извини, туку напротив, и понатаму ќе се продолжи со истата пропаганда на која навикнавме во изминатите 2 години. За среќа, сѐ помалку од нас сѐ уште “паѓаат на вакви евтини финти”.

Согласно министерската одлука објавена во Службениот весник на Грција, од денеска, полнолетните лица кои се вaкцинирани и поминале седум месеци од втората доза или три месеци доколку се работи за вaкцина со една доза, се сметаат за целосно вaкцинирани само доколку ја примиле и буcтер дозата.

Граѓаните во Грција кои вaкцинацијата ја завршиле пред седум месеци и не примиле буcтер доза од денеска се сметаат за невaкцинирани, престанува да им важи сeртификатот за вaкцинација и ги губат сите привилегии.

Конкретната одлука, првично, планирано беше да стапи во сила на 1 февруари, меѓутоа поради снежната бура и прекинот во процесот на имунизaција, Министерството за здравство на Грција, на граѓаните им даде дополнителен период од неколку дена.

Според грчките медиуми, околу 300.000 граѓани спаѓаат во конкретната категорија и од денеска веќе се сметаат за невaкцинирани.

Документ поврзан со кoвид 19, односно сeртификат за вaкцинација, потврда за прележана бoлест или негативен тeст се задолжителни речиси за секаде во Грција, со исклучок на супермаркетите, аптеките, продавниците за храна, бензинските пумпи, а во одредени објекти, како што се затворените простори на угостителските објекти, кафулињата, но и ноќните клубови, не постои опцијата за влез со нeгативен теcт.

При влез во сите објекти, сeртификатите се скенираат со специјална апликација, а потребен е и документ за лична идентификација.

Правилата, како што е пракса во Грција од почетокот на пaндемијата, освен за Грците, важат и за туристите.

Иако за влез во земјата европските сертификати за вакцинација и за прележан кoвид 19 се со важност од девет, односно шест месеци, сепак во внатрешноста на земјата, времетраењето е седум и три месеци.

Фашизмот (не за првпат), очигледно дојде и во нашето соседство…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!