трета доза по три месеци

ДОЖИВОТНО РЕВАКЦИНИРАЊЕ?! МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕПОРАЧУВА ТРЕТА ДОЗА ПО САМО ТРИ МЕСЕЦИ ОД ЦЕЛОСНАТА ВАКЦИНАЦИЈА

Националниот Комитет за имунизација при Министерството за здравство на Република Македонија денеска донесе одлука со која препорачува, граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на кинеските производители Синовак и Синофарм, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од нивната ревакцинација.

Сликовито, тоа би значело дека доколку пред четири месеци сте ги примиле своите прва и втора доза од вакцината, сега би можеле повторно да се подложите на дополнителна имунизација. Тоа би значело дека за само четири месеци вие во своето тело ќе примите дури три дози на вакцини, и тоа од различен производител, или во просек по една вакцина на секои пет недели.

Вакцинацијата со трета доза е исклучиво со вакцината на производителот Фајзер, и таа е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата. За граѓаните кои примиле друг тип вакцина, Фајзер, Астра Зенека или Спутник В, трета доза вакцина може да примаат после поминати 6 месеци од ревакцинација. Министерството за здравство апелира граѓаните во што поголем број да се вакцинираат, или ревакцинираат по трет пат.

Прашањето дали изборот на “бустер” доза исклучиво од производителот Фајзер има некаква врска со неодамнешното уништување на околу 13.000 вакцини од истиот производител на кои им беше поминат рокот на траење, засега останува без одговор од страна на министерството.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom